Апаратот за MIG заварување MIG 300 LCD е дигитално контролиран инвертер со најнова IGBT технологија и LCD екран. Апаратот овозможува заварување во MIG, REL и LIFT/TIG режими. Благодарение на LCD дисплејот, корисникот може да го избере посакуваниот режим на работа и однапред дефинираните параметри за заварување.
Врз основа на изборот на:
• тип и дебелина на материјалот
• дебелина на жицата/електродата
• тип на заштитен гас (кај MIG/MAG)
Aпаратот автоматски ги дефинира идеалните параметри за заварување, со можност за дополнително фино подесување.
Покрај тоа, апаратот се одликува со синергетски режим на работа (во MIG/MAG режим – подесување на ампеража наместо напон/брзина на жицата), како и петстепено подесување на индукцијата, со што се намалува прскањето при заварување. За REL режимот достапни се опциите HOT START / ARC FORCE и VRD.
Стандарден дел од испораката е EURO приклучок со Abicor Binzel MB 24KD горилник. Уредот користи трофазно напојување. Должината на масениот кабел и поликабелот е 3 m, а се користи D300 калем со жица од 15 kg (SG жица).
Напомена: Апаратот се испорачува без струен приклучок.
| Номинална волтажа | 400V |
| Димензии Д x Ш x В (mm) | 900x525x610 |
| Должина на кабел/горилник | 3 m |
| Интермитенца Imax, 40°C | 0.6 |
| Мах пречник на жица | 1,2 mm |
| Min/Мах струја за заварување | 15 A ∼ 300 A |
| Попречен пресек на кабел | 25 mm² |
| Потребен осигурувач на струјно коло | 20 А, трофазен |
| IP класа на заштита | IP21 |
| Степен на изолација | F |
| Тежина на апаратот | 60 кг |