Këpucë sigurie (S1, S1P, S2, S3)
Popular products from category Këpucë sigurie (S1, S1P, S2, S3)
Заштитни чевли Hector Grey, S3 - Ниски
HECTOR плитките и длабоките работни чевли со S3 степен на
заштита се водоодбојни, изработени од кожа, со композитна
заштитна капа и кевларски меѓуѓон. Чевлите се 100% без метал.
• Нелизгачки двослоен ѓон (PU/PU)
• Ѓон отпорен на масла и антистатик
• Шок апсорбер на енергија во пределот на петата
• Паропропусна постава
• Анатомска менлива влошка
• Тежина: 680g
Заштитни чевли Monza, SP1 - Ниски
Заштитните чевли Monza со S1P степен на заштита се направени од антилоп кожа во комбинација со најлон и 3М рефлектирачки ленти на петата. Поседуваат челична капа која ги штити прстите од механички повреди и челичен меѓуѓон кој штити од пробивање на надворешни тела. Внатрешната постава е од удобен и мек текстил. Заменливата антистатичка влошка е анатомски дизајнирана така што пружа максимална удобност. Ѓонот е нелизгачки, полиуретански и еднослоен, отпорен на дејства на масло. Во делот на петата има апсорбер на енергија.
Заштитни чевли Streif S3 ESD - Ниски
Кожни обувки со водоотпорна мембрана R-DRY внатрешна постава против мирис, заштитна капа од фиберглас, непробоен меѓуѓон без метал, анатомска влошка со гел кој е наменет за апсорпција на удари на петица, отстранлива, антисептик.
Заштитни чевли Mars, S3 - Високи
Оваа чевла е изработена од висококвалитетна нубук кожа и нуди S3 ниво на заштита, што вклучува отпорност на продор, антистатички својства и отпорност на масло и горива. Има композитна заштита на прстите и кевларски влошки за дополнителна безбедност. Влошката е заменлива и анатомски дизајнирана за максимална удобност. Двослојниот PU ѓон обезбедува одлична флексибилност и отпорност на лизгање, што ја прави погодна за долготрајна употреба во различни работни услови.
Заштитни чевли Mars, S3 - Ниски
Заштитни чевли ''MARS'' со степен на заштита - S3
Тип на обувка - ниска/висока
Заштитни чевли Cyclone, S1P - Високи
Заштитните чевли Cyclone со S1P степен на заштита се изработени од антилоп кожа во комбинација со најлон и 3M рефлектирачки ленти. Поседуваат челична капа која ги штити прстите од механички повреди и челичен меѓуѓон кој штити од пробивање на надворешни тела. Внатрешната постава е од удобен и мек текстил. Заменливата антистатичка влошка анатомски е дизајнирана така што пружа максимална удобност. Ѓонот е нелизгачки, полиуретански, еднослоен и отпорен на дејства на масло. Во делот на петата има апсорбер на енергија.
Заштитни чевли Hector, S3 - Високи
Кожни заштитни чевли (од мазна кожа) со композитна капа и меѓуѓон од кевлар за заштита од пробивање на надворешни тела. Поставени се со AIR Active 3D материјал кој исклучително пропушта пареа односно дозволува кожата да дише. Водоотпорни. Двослојниот (PU/PU) антистатички ѓон е изработен од полиуретан со различна густина - внатрешниот слој е флексибилен и удобен за носење и во подолг временски период, додека надворешниот слој е од поцврст полиуретан кој е отпорен на абење, отпорен е на масло и нафта, има шок апсорбер на енергија во делот на петата и одлични својства против лизгање. Влошката е анатомска и може да се отстранува и да се менува. 100% без метал (METAL FREE). Големина 36-47 EN ISO 20345
Заштитни чевли MIA, S3 - Високи
Кожни заштитни чевли со челична капа и челичен меѓуѓон за заштита од пробивање на надворешни тела. Поставени со AIR Active 3D материјал кој исклучително пропушта пареа односно дозволува кожата да дише. Двослојниот (PU/PU) антистатички ѓон е изработен од полиуретан со различна густина - внатрешниот слој е флексибилен и удобен за носење и во подолг временски период, додека надворешниот слој е од поцврст полиуретан кој е отпорен на абење, отпорен е на масло и нафта, има шок апсорбер на енергија во делот на петата и одлични својства против лизгање. Влошката е анатомска и може да се отстранува и да се менува. Достапни во длабока и плитка варијанта. Големина 36-48 EN ISO 20345
Заштитни чевли Mustang, S3 - Високи
Заштитните чевли Mustang со S3 степен на заштита целосно се изработени од црна водоотпорна кожа. Заштитната капа ги штити прстите од механички повреди, а меѓуѓонот од кевлар штити од пробивање на надворешни тела. Внатрешната постава од 3D текстил AIR ACTIVE овозможува кожата да дише и ја зголемува удобноста во текот на носењето. Заменливата антистатичка влошка е дизајнирана така што пружа максимална удобност. Двослојниот полиуретански ѓон е отпорен на абразија и пролизгување со шок апсорбер во делот на петата и обезбедува целосна удобност при носењето. Поседува рефлектирачки детали за подобра видливост. Чевлите не содржат метални делови и во целост се без метал (METAL FREE).
Заштитни чевли Creed Blackline, S3 високи
Високи чевли изработени од водоотпорна кожа со нубук ефект. Моделот има контрастни зелени детали и обложен јазик од платнена мрежа за подобра вентилација. Опремен е со фиберглас заштитна капа за прсти и неметален среден ѓон. Внатрешноста е изработена од ткаенина што дише, обезбедувајќи удобност при подолга употреба.
Анатомската и перфорирана влошка е отстранлива, дише, антистатичка и со гел за амортизација на ударите во пределот на петицата.
Ѓонот е изработен од полиуретан со двојна густина, нуди одлична стабилност и е отпорен на лизгање.
Заштитни чевли Pegazus, S1P - Високи
Заштитни чевли Pegazus со S1P степен на заштита, изработени од црна кожа. Поседуваат челична капа која ги штити прстите од механички повреди и челичен меѓуѓон кој штити од пробивање на надворешни тела. Внатрешната постава од 3D текстил AIR ACTIVE овозможува кожата да дише и ја зголемува удобноста во текот на носењето. Заменливата антистатичка влошка е дизајнирана така што пружа максимална удобност. Ѓонот е изработен од два слоја полиуретан. Отпорен е на дејства на масло, нелизгачки е и поседува шок апсорбер во делот на петата.
Заштитни чевли Rubber Guard S3 - Високи
Заштитните чевли Rubber guard со S3 степен на заштита се погодни за работа во студено опкружување. Надворешниот материјал од кожа ги прави чевлите водоотпорни, композитната капа ги штити прстите од механички повреди, додека меѓуѓонот од кевлар штити од пробивање на надворешни тела. Внатрешната постава од 3D текстил AIR ACTIVE овозможува кожата да дише и ја зголемува удобноста во текот на носењето. Заменливата антистатичка влошка анатомски е дизајнирана така што пружа максимална удобност. Флексибилниот полиуретански и гумен ѓон е отпорен на абразија и масло, а поседуваат и шок апсорбер во делот на петата. Ѓонот има температурна отпорност од -40C do +300C и SRC отпорност на пролизгување (керамика и детергенти).
Заштитни чевли FORCE S1P висока
- Надворешен материјал Превртена кожа со Cordura материјал
- Нелизгачки двослоен ѓон (PU/PU/SRC)
- Ѓон отпорен на масла и антистатик
- Кевларски меѓуѓон
- Композитна заштитна капа
- Шок апсорбер на енергија во пределот на петата
- Паропропусна постава од 3D Air Active текстил
- COMFORT PLUS aнатомска менлива влошка
Заштитни чевли TITAN S3 висока
- Нелизгачки двослоен ѓон (PU/PU/SRC)
- Ѓон отпорен на масла и антистатик
- Кевларски меѓуѓон
- Композитна заштитна капа
- Шок апсорбер на енергија во пределот на петата
- Паропропусна постава од 3D Air Active текстил
- COMFORT PLUS aнатомска менлива влошка
- Водоодбивна
Заштитни чевли ACTIVE S1PL FO SR
Работните чевли се изработени според највисоки стандарди со внимателно избрани материјали, нудејќи максимална удобност, безбедност и модерен дизајн. Целосно се без метал, со композитна заштитна капа и чевларска влошка, обезбедувајќи еднаков степен на заштита како металните модели, но со значително помала тежина и поголема удобност при носење — идеални за долг работен ден.
Заштитни чевли IRON S3L FO SR
Работните чевли се изработени според највисоки стандарди со внимателно избрани материјали, нудејќи максимална удобност, безбедност и модерен дизајн. Целосно се без метал, со композитна заштитна капа и чевларска влошка, обезбедувајќи еднаков степен на заштита како металните модели, но со значително помала тежина и поголема удобност при носење — идеални за долг работен ден.
Заштитни чевли SPORT EVOLUTION ниски S1 PS FO SR
Заштитни чевли SPORT EVOLUTION S1 PS со алуминиумска заштитна капа Alu200, Кевларски ѓон TX ZERO STRONG отпорен на пробивање, дишечка горнина со Spyder-Net постава и двокомпонентен PU/TPU ѓон со највисоко ниво на противлизгање SR. Без метални делови, со WPA отпорност на вода до 60 мин. Исклучително удобни и флексибилни – идеални за 8+ часа носење.