Својства и начин на делување:
Сув синтетички восок со одлични капиларни својства кој силно прилепува на површини. Особено е погоден за подмачкување на брзо ротирачки елементи, како што се синџири и делови на машини, жичани јажиња и сл. Продира и во најмалите процепи и стасува до тешко достапните места и со тоа обезбедува оптимална заштита од абење и корозија, формирајќи сув слој со РТFЕ. Благодарејќи на РТFЕ осигурува долготрајно подмачкување во отежнати услови на експлоатација. Постојан е на високи температури. Има одлична компатабилност со материјалите.Ги штити и негува прстенестите и Х-заптивките и не ги нагризува лакираните површини. Постојана е на прскање со солена вода, слаби киселини и базини соединенија. Не содржи силикон, смола и киселини. Постојана на температура од - 30°C до +100°C (краткотрајно до +180°C).
Упатство за употреба:
1. За оптимални и долготрајни резултати од подмачкувањето, површините кои се третираат, претходно исчистете ги од прашина, нечистотии, остатоци од масла и масти. Препорачуваме употреба на HHS Clean, арт. бр. 089310610 или Würth средства за монтажно чистење .
2. Пред употреба протресе ја боцата.
3. Испрскајте го саканото место на оддалеченост од 15 cm.
4. Можно е накнадно подмачкување на деловите во текот на работата, но согласно соодветните пропишани сигурносни мерки.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Боците се под притисок. Да се заштитат од директна сончева светлина и да не се изложуваат на температура повисока од +50°C. Обратете внимание на ознаките за опасност. Носете соодветна заштитна опрема (ракавици, маска и очила).
| Штити од корозија | Да |
| Температурна отпорност | -20°C до +100°C, краткотрајно до +180°C |
| Додаток | PTFE |
| Отпорност | На солена и прскачка вода, како и на слаби киселини и бази. |
| Боја | Жолта |
| Рок на траење | 24 месеци |
| Мирис | Карактеристичен |
| Вискозитет на 25°C | Овој производ не подлежи на сврставање според вискозитетот. Производот брзо, по распрскувањето, формира високоефикасен сув подмачкувачки филм на база на восок. |
| Хемиска основа | Синтетички восок |
| Намена | Подмачкување на брзо ротирачки елементи |
| Содржи | PTFE + восок |
| Содржи силикон | Не |
| Густина | 0,714 г/cm³ |