Vaj lubrifikues për mjete pneumatike, 1l

955@ (MKD) me TVSH
Vaji lubrifikues për veglat pneumatike është një vaj i veçantë që mbron nga korrozioni dhe konsumimi. Është gjithashtu efektiv në temperatura të ulëta. Nuk përmban acide, rrëshira dhe silikon.
Shifra: 08930505
Ship to
*
*
Shipping Method
Name
Estimated Delivery
Price
No shipping options
Disponueshmëri: Në magazinë.

Својства и начин на делување:

Се употребува исклучиво за подмачкување на пневматски алат. Ги штити сите елементи на пневматскиот мотор од абење и корозија, има добри особини на подмачкување, отпорно е на стареење и ги задржува особините и при пониски температури. Основна карактеристика е создавањето заштитен филм против абење кај сите елементи на пневматскиот мотор на апаратот со многу мала количина на масло (5-6 капки во текот на еден ден или смена на работа на апаратот). Доколку на иста инсталација се наоѓаат повеќе потрошувачи истовремено, треба да се зголеми дозирањето согласно бројот на потрошувачи. Преголема количина на масло во внатрешноста на апаратот е непожелно, бидејќи прави поголеми отпори при ротација на елементите (доаѓа до загушување на апаратот со што се намалуваат техничките карактеристики на апаратот).

Упатство за употреба:

1.  Кај инсталации со подготвителен дел, во кој е и намастувачот на воздух, нивото на маслото мора да биде во пропишаните граници назначени на садот (визуелна контрола). Извршете регулирање на дозата масло во компримираниот воздух со навртката која се наоѓа на куќиштето на садот.

2.  Кога инсталацијата нема намастувач за воздух, потребно е на приклучното црево на апаратот да се вгради додатен намастувач во кој се дозира маслото. Извршете регулирање на дозата масло во компримираниот воздух со навртката на намастувачот.

3.  Кога инсталацијата нема намастувач на воздух, може рачно да се дозира директно во апаратот низ влезниот отвор за воздух. Во тој случај, пред употреба, поврзете го апаратот со воздух, вклучете го  и оставете да работи „во празно„ кратко време за да се нанесе маслото рамномерно на елементите на моторот.

4.  При подмачкување на ударни механизми на ударните завртувачи, маслото се нанесува низ соодветната навртка предвидена за таа намена. Придржувајте се на интервалот на дополнување и количина согласно препораките на производителот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При редовно користење, секојдневно, по пат на компримиран воздух во машината треба да се додаде малку масло. Се препорачува употреба на намастувач.