Електрични / батериски / пневматски машини
Популарни артикли од категоријата Електрични / батериски / пневматски машини
Батериска дупчалка-одвртувач BDD 14,4, 2x2Ah
Moќна и компактна батериска дупчалка-одвртувач со напон од 14,4V, наменета е за лесни дупчења и завртувања. Благодарение на малата маса од само 1,25kg и малите димензии, идеална е за работа на непристапни места. Оваа дупчалка - одвртувач има можност за прецизно прилагодување на вртежниот момент на 18 различни нивоа, како и двостепен менувач на брзина за дополнително прилагодување. Футерот со брз систем на корисникот му овозможува брза и лесна промена на бургии или наставци, додека интегрираната LED светилка ја олеснува работата во темен простор. Дополнителна удобност и можност за долготрајна работа дава ергономичниот држач со изразен ефект на цврст зафат. Дупчалката се испорачува во куфер со брз полнач и резервна батерија.
Гаранција за производот: 3 години
M-Cube Батериска Мултифункционална Правосмукалка AMTS18 L Comp.
Компактна и пренослива батериска повеќенаменска правосмукалка m-cube со капацитет од 4 литри, со l сертификација и рачно чистење на филтерот за мобилна употреба.
Две нивоа на моќност: максимален режим за максимални перформанси или еко режим за подолго време на работа со едно полнење на батеријата.
Мултинаменска: функција за дување и сушење.
Сертификацијата за класа на прашина l гарантира ефикасност на сепарација на прашина од 99% според en 60335-2-69.
Постојана висока моќ на вшмукување и долг век на траење на филтерот благодарение на полуавтоматското чистење на филтерот.
Лесно користење при работа со машини благодарение на вклучениот адаптер.
Ремен за на рамо за поголема удобност при работа во движење.
Робусно куќиште со гумени заштитници за складирање кое не е лизгаво и е погодно за материјалите.
Погодна за собирање и усисување струготини, прашина и прашина од дупчење.
Погодна за столари, електричари и секаков друг вид на работа на терен каде што има потреба од бежична правосмукалка, а воедно погодна и за домашна употреба.
Гаранција на производот: 3 години.
M-Cube Set ABS 18 Compact/AWS 18 Compact,18V/2*5Ah
Бат дупч одвртувач ABS 18 COMB CLAS, 2x5Ah и полн.
Батериски дупчалка одвртувач ABS 18 COMB CLAS, 2x5Ah е моќен безжичен алат со Brushless мотор за поголема ефикасност и издржливост. Сетот вклучува две батерии од 4Ah и брз полнач, што овозможува продолжена работа без прекини. Овој уред е идеален за професионална и домашна употреба, обезбедувајќи висока прецизност и лесно ракување.
Електрична убодна пила STP 65 classic
Напон: 220-230V
Фреквенција: 50/60Hz
Моќност: 550W
Брзина без оптоварување: 1000-2800 o/min
Електрична убодна пила, сабјарка SBS 1300
Моќна електрична убодна пила која е особено погодна за сечење метал и дрво во демонтажни процеси. Брзото и ефикасно сечење е овозможено благодарение на орбиталното движење на пилата. Промената на пилите е брза и не е потребно да се користат дополнителни алати. Специјалните заптивки на работниот механизам ги штитат запчаниците од прашина и го продолжуваат работниот век на алатот.
Електрична аголна брусилка, 2000W, EAG 20-230
Моќна аголна брусилка со антивибрациска рачка за удобна работа без дополнителни потешкотии. Машината има ротор заштитен од прашини и струготини, чии лежишта се во гумено куќиште за да се спречи „заварување“ на лежиштето во куќиштето при загревање.
Гаранција на производот: 3 години
Електрична пила за отварање шлицови MSF 40
Електрична машина за сечење канали, моќност 1900W. Лесно и прецизно сечење - два дијамантски дискови за сечење од 125 mm кои го отвараат шчицот во едно поминување. Ролерите овозможуваат прецизно движење на машината. Лесно прилагодување на длабочината без дополнителни алатки. Го штити корисникот од неконтролирано стартување на машината. Лесно се сечат и хоризонтални и вертикални канали.
Батериска Убодна Пила APS 18V Compact - M-Cube само машина
Батериска убодна пила APS 18V Compact, M-cube само машина
Електрична ударна дупчалка-чекан
Карактеристики:
- Моќност: 1500 W
- Енергија на удар: 12,5 J
- Број на удари: 1380–2760 удари/мин
- Број на вртежи: 0–305 вртежи/мин
- Прифат за алат: SDS-max
- Маса: 8,9 кг
- Гаранција на производ: 3 години
Батерија Li-Ion, 4Ah, 18V
- Номинален напон: 18 V/DC
- Капацитет на батерија/батерија на полнење: 5,0 Ah
- Тежина на батерија/батерија на полнење: 0,65 kg
Електро-пневматски чекан CH 5-SE
Аголна брусилка EWS-12-125-T-SOLID
Сигурна аголна брусилка од 1200W, која демонстрира импресивна робусност, издржливост и содржи дополнителна анти-вибрациона рачка.
Гаранција на производот: 3 години
Електрична Убодна Пила, 780W STP 150 Power-B
Карактеристики:
• Моќност 780 W
• Мин./макс. фреквенција 50 / 60 Hz
• Мин./макс. брзина на движење во мирување
500-3100 U/min (вртежи во минута)
• Тежина на машината 2,7 кг
• Должина на кабел 4 m
WURTH компресор, клипен, 200l - 480l/мин
Филтер кеса за правосмук. F.ISS35(S)
Карактеристики:
- Материјал: Неткаен текстил (флис)
- Тип на чистење: Погодна за влажно и суво чистење
- Компатибилност: ISS 30-L, ISS 35, ISS 35-S
- Пакување: Сет од 5 вреќи
Електро пневматски чекан-дупчалка ERHD 24-MLS
Електропневматска чекан-дупчалка со мала маса и голема ударна моќ од 2,4 J е наменета за дупчење, ударно дупчење и штемување во градежништвото. Машината има 3 режими на работа - дупчење без удар, ударно дупчење и штемување, како и можност за промена на насоката на вртење. Машината има држач за алат SDS-PLUS.
Батериски одвртувач BCSD 3 - 3,6V, 3Nm
Батериски одвртувач наменет за сите видови завртки кои немаат „OK“ приклучок.
Ергономски дизајн и мала тежина на одвртувачот овозможуваат работа во различни позиции.
Кабелот за полнење може да се поврзе со кој било полнач за телефон, автомобилски запалувач или со компјутер.
Спакуван во заштитна торбичка – заштита од оштетувања.
Вклучени додатоци со различни приклучоци, лизгачка глава за полесна замена на алатите.
Интегрирано LED работно светло.
