Градежна и техничка хемија
Популарни артикли од категоријата Градежна и техничка хемија
Рачен пиштол за картуши со ПВЦ држач
Висококвалитетен дизајн, полуотворен, направен од челичен лим со пластична рачка. Лесен за употреба и брзо напојување. Со уред за брзо ослободување. Одличен пренос на сила, што овозможува полесна апликација.
Средство за осигурување лежишта на покачена температура
Средство за осигурување на лежишта со висока цврстина се користи за силно зацврстување на ракавци, чаури, запчаници, споеви на осовини и главчини и лежишта кои се изложени на големи оптоварувања и температура.Ова средство е отпорно на температури од -55 до +200 степени.Средството за осигурување на лежишта спречува настанување на корозија, оштетувања на контактните површини кои ги осигуруваме и пополнува зазори од 0.2mm.
Подмачкувач за машини за обра.на дрво HOLZGLEIT 5l
Спречува лепење и затнување со пилевина (дрвени остатоци) и прашина при сечењето. Има антикорозивно дејство. Ги чисти граничниците и вретената.
Течен метал, 2K, 25 ml
Чистач за ладилник, 250 ml
Würth Radiator Cleaner е средство за чистење на радијатори со волумен од 250 ml, специјално формулирано за ефикасно отстранување на корозија и наслаги од кал во системот за ладење на моторот. Овој производ ги неутрализира остатоците од варовник и ги отстранува маслените и мрсни наслаги, обезбедувајќи зголемена оперативна сигурност преку чист систем за ладење. Погоден е за сите типови мотори и е компатибилен со антифриз. Се препорачува употреба на 250 ml средство за 10 литри ладилна течност.
BMF Машински чистач, 5l
BMF е универзално средство за чистење и одмастување на подови, делови од машини и возила. Ова средство може да се нанесува механички, рачно или под голем притисок. Добро раствора масти и масла, не ги оштетува површините на материјалот на кој се нанесува, боја, гума и пластика. Ова средство не ја загадува околината и не содржи силикон.
Повеќенаменска маст за подмачкување III, 400 gr.
Силикон специјал, 250, 70 ml
Трајно еластичен силикон со краткотрајна отпорност на температура од 300°C.
- Ладна вулканизирачка силиконска гума
- Сигурно запечатува нерамнини
- Не се исцедува и не се влечат конци
High Tack MS Profi мулти лепило, бел 280ml
High Tack е MS полимер, еднокомпонентно, висококвалитетно и професионално лепило со висока јачина на лепење и почетна лепливост.
Погоден е за лепење тешки градежни материјали без употреба на стеги и/или лента за прицврстување.
3D PVA крпа за бришење, 43x32cm
Оваа уникатна крпа со 3D структура лесно впива и задржува вода, овозможувајќи брзо и ефикасно бришење без ленти. Идеална е за сушење на возилото по миење.
- 3D PVA крпата овозможува брзо чистење, не ја оштетува површината и не остава траги од вода и прашина.
- Брзо се суши по миењето, спречувајќи развој на бактерии.
- Отпорна на кинење и истегнување.
PROFI влажни марамчиња за чистење раце и алат 40/1
Елиминираат непријатни мириси, ги оставаат рацете лесно парфимирани.
Практични: можат да се користат во било која ситуација, дури и кога нема достапна вода.
Целосна хигиена: одмастувачка и санитизирачка акција.
Повеќенаменски: погодни за раце и работни алатки.
- Отстрануваат: масло, битумен, боја, лепак, силикон, графит…
- Со антибактериско дејство, дерматолошки тестирани
- Обогатени со Aloe Vera – нега и свежина
- Компактни и секогаш при рака
Микро апсорбер, 10 kg
Микро апсорбер (Micro Absorber) е производ кој се карактеризира со високоефикасни гранули со брзо дејство, за впивање на масла, агресивни и какви било други течности вклучително киселини, бази и водни раствори. Поседува висок степен на апсорпција и брзо реагира. Капиларните својства на гранулите обезбедуваат ефикасно впивање и чување на собраното масло. Микро апсорберот може да се употребува во отворен и во затворен простор. Со својата едноставна примена, гранулите остануваат цврсти и после апсорбцијата што овозможува лесно чистење со четка. Благодарение на својата оптимална тежина, остануваат на местото каде што се нанесени. Произведува малку прашина. Нема опасност од лизгање на возилата или обувките.
Пур пена пиштолска UNIVERSAL 600 ml
Максимална адхезија, висока топлотна и звучна изолација и брза, чиста апликација совршена за фиксирање, пополнување и изолација при секојдневната работа
- Одлична адхезија на речиси сите материјали, дрво, бетон, малтер, метал, ПВЦ и полистирен
- Високи вредности на звучна и топлотна изолација
- Водоотпорна, отпорна на мувла, може да се бојадисува
- Пакување од 600 мл – економично, практично, ефикасно
Совршена за:
- Монтажа и изолација на врати и прозори
- Пополнување споеви, отвори и шуплини
- Изолација на електрични приклучоци и водоводни цевки
Средство за осигурување завртки висока цвртина
Средство за осигурување на завртки со висока цврстина претставува осигурувач и навојна маса која тешко се разделува. Се користи за осигурување, зацврстување и заптивање на завртки, навртки, навојни вметоци, навојни чепови кои не треба да се разделуваат. Погоден е за навојни споеви кои се изложени на големо оптоварување, го спречуваат разделувањето предизвикано од вибрации или ударно оптоварување. Има одлична хемиска и топлотна стабилност и може да се раздвои само со помош на специјален ударен алат или на температура повисока од 300 степени.Ова универзално средство има големо подрачје на примена.
Специјална крпа за прашина, импрегнирана
Специјалната крпа за прашина е импрегнирана крпа дизајнирана за ефикасно собирање и врзување на прашина и суви нечистотии од различни површини, како што се дрво, метал и пластика. Изработена е од висококвалитетна газа, која овозможува прашината да навлезе во внатрешните слоеви, обезбедувајќи дополнителна сигурност и максимална способност за задржување на прашината. Оваа крпа е особено погодна за сите боеџиски и чистечки задачи.
Безбоен лепак и заптивна маса
Паста за миење раце - Nplus
Средство за чистење на раце без микропластика, за средно до тешко извалкани раце, со природни средства за пилинг од перлит.
Пиштол за картуши метален
HHS 500, синтетички подмачкувач во спреј OMC2, 500ml
HSS 500 е полутечна маст во спреј отпорна на високи температури со OMC2 технологија. Ова средство е отпорно на центрифугални сили и обезбедува исклучителна заштита од атмосферски влијанија и прашини. Благодарение на EP адитивот, исклучително е постојана на притисок и пружа неверојатна амортизација на вибрација и звук. Ја намалува температурата на триење и може да се користи во температурен опсег од -25 степени до +150 степени.