Градежна и техничка хемија

Популарни артикли од категоријата Градежна и техничка хемија

Load
Види како Табела Листа
Подреди по
Филтер

CUT+COOL масло за режење и ладење, 400ml

0893050004
CUT+COOL универзалното масло за сечење и разладување се користи при рачни и средно-тешки машински обработки. Овој спреј заштитува и спречува лепење на обработуваниот дел за алат. Долготрајно штити од корозија без постапка на конзервација, додека толеранцијата на обработката е во рамките на тесно пропишаните граници.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Спреј боца

Спреј боца со капацитет од 1000 ml, овозможува прскање под агол од 360 степени, што значи дека може да се користи и во вертикална и во обратна положба. Оваа функционалност ја прави идеална за нанесување на течности во тешко достапни места. Изработена е од висококвалитетни материјали, обезбедувајќи долготрајна употреба и отпорност на хемикалии. Погодна е за различни апликации, вклучувајќи чистење, дезинфекција и подмачкување. 

 
3 верзии
Види се

Барањето за достапност е успешно испратено.

CU 800 паста - маст за подмачкување, 100g

08938001
CU 800 e бакарно средство отпорно на висока температура кое служи за подмачкување и заштита од корозија, зарибување, ладно заварување и абење. Ова средство е отпорно на вода, бази, киселини, и има температурна отпорност во опсег од -20 степени до +1200 степени.Многу добро прилега на површините кои се подмачкуваат, како што се кочници, монтажни делови, полови на акумулатор, лежишта, лизгачки површини.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Средство за заптивање на цевки со PTFE, 50g

0893511050

Заптивно средство за цевки со мала цврстина со PTFE, служи за заптивање на сите метални цевни споеви и арматури со конусен или цилиндричен навој. Затегнатите споеви може да се оптоварат до 5 бари, додека оптоварувањето после завршното стврднување е до пукање на цевката. Ова средство неутрално се однесува во споредба со поголемиот број индустриски течности и гасови, отпорно е на хемикалии. Овозможува сигурна и брза монтажа, има бела боја и не е погодно за навои кои содржат бакар.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Повеќенаменска графитна маст II, 400 gr.

08938711

Графитна маст отпорна на висок притисок, сапонирана со литиум, со EP адитиви
Добар ефект на запечатување и антикорозивна
Многу добро одбива прашина, нечистотија и вода

Барањето за достапност е успешно испратено.

Rost Off, Base, 300 ml

58902300
Повеќенаменски производ за примена на возилата, моторциклите, наутиката, индустријата, во одржувањето и друго.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Алат за мазнење на фуга

0891182
Може да се користи за шест различни апликации во сите сценарија за спојување. Совршено се вклопува во вашата рака. Удобната големина го прави лесен за употреба. Дополнително, не се формира зрнца при стругање, што овозможува беспрекорно стругање.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Монтажна паста во спреј, 300ml

0893850
Висококвалитетната маст во спреј е наменета за подмачкување на деловите при монтажа. Формирајќи цврст заштитен слој, ова средство спречува прегревање и зарибување, го намалува триењето и штити од абење. Отпорна е на вода, солена вода, раствори на киселини и бази и има отпорност на притисок до границата на еластичност на сите познати метали. Ова средство се применува за подмачкување на делови при монтажа, водилки, навојни вретена, погонски вратила, зап, запчести шини, за монтажа со пресување на подлошката, лежишта, завртки, како и за врезување на навои, сечењ и обработка со деформација.

Барањето за достапност е успешно испратено.

DP 300 заптивна смеса за мотори и куќишта

0890100048

Трајно пластично соединение за заптивање на мотори и куќишта со висок степен на отпорност на температура.

Гарантирана долготрајна отпорност на вибрации.

Спречува атмосферска корозија.

Отпорен на вода, воздух, бензин, керозин, различни масла, синтетички лубриканти, мешавини на вода/гликол и метално, антифриз флуоројаглеродни средства за ладење.

Отпорен на температура до -50°C до + 250°C краткотрајно до +300°C

Барањето за достапност е успешно испратено.

Softex крпа

0899800901Q50
Белата еднослојна SOFTEX крпа е многу мека текстилна крпа без силикон, влакна, со одлична моќ на впивање. Сигурна е за користење во прехрамбената индустрија и отпорна е на растворувачи. Исклучително е постојана на кинење, дури и кога е влажна. Може да се пере, да се цеди и повторно да се користи. Може да се користи и како полир крпа.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Заштита за подвозје на возила, црно, 1000ml.

0892075200

Создава заштитен слој на гумена основа, над кој може да се нанесе слој боја и спрејот во себе содржи растворувачи.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Спреј за заштита од корозија, 300ml

089315
Спрејот за заштита од корозија е специјална безбојна течност со голема капиларност со добро прилепување. Ги штити тешко достапните места, го запира ширењето на корозијата и има повеќекратна примена поради многу добрата подносливост со материјалите на најразлични подлоги. Овој спреј, со извонредна отпорност на солена вода според DIN5002N стандардот, претставува најдобра заштита во најлоши услови. Гребнатините, ударите од камен и слично самостојно се затвораат, а третираните површини повеќе не може да се оштетат од течност. Примената на овој спреј е за конзервирање на алат, машини, моторни возила, погоден е за тешко достапни места во моторниот дел и претставува најдобра заштита за моторцикли и велосипеди кои имаат долг период на мирување.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Спреј конвертор на корозија

0893110400

Антикорозивен спреј со својства за растворување и отстранување на корозијата.

Делува моќно и лесно го неутрализира формирањето на корозијата.

Идеален за тешко кородирани области

Заштитува и во пукнатини и пори поради големата длабочина на пенетрација

- Висококвалитетен епоксиден прајмер кој обезбедува сигурен заштитен слој
- Може да се бои и да се обработува
- Без силикон и киселина

Барањето за достапност е успешно испратено.

Контакт спреј OL, 200 ml

089360
OL контакт спрејот помага кај проблеми при стартување, отстранување, спречување на пречки и дефекти на електрични уреди предизвикани од влага. Овој спреј служи за чистење на сите видови контакти од наслаги на оксид. Отстранува голема отпорност на проток на струја, не содржи налогени и не штети на повеќето конструктивни материјали во електрониката. Покрај наслаги од оксид, отстранува и наслаги од сулфид, смоли, нечистотии и масла.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Силикон Специјал 300, црвен, 280ml

0890321280

Температурно отпорен технички силикон – идеален за моторни склопови и тешки индустриски апликации.

  • Трајно еластична, самовулканизирачка заптивна маса, отпорна на хемикалии

  • Температурна отпорност: од -40°C до +250°C (краткорочно до +300°C)

  • Отпорна на долготрајни вибрации – не пука, не се лупи

  • Одлично прилегање – не формира „конци“

Барањето за достапност е успешно испратено.

Спреј за жичана сајла, 500 ml

08931058
Спрејот за жичано јаже претставува заштитен восок со додаток на OMC адитив за подмачкување и конзервирање на сајли. Ова средство е идеално за површини кои се директно изложени на сонце бидејќи не протекува. Подмачкува тешко достапни места со оптимална способност за пополнување на процепи благодарение на восокот кој продира дури и во најтесните меѓупростори. Исклучително е водоотпорен, штити од корозија и пружа долг работен век на сајлата. Не содржи цврсти мазива, смола, киселини, силикон и AOX.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Пиштол за пур-пена ECO пластичен, портокалов

18911520

Пиштол за прецизно нанесување на пиштолска пена, со месингова млазница и PVC рачка. Цевката е направена од нерѓосувачки челик, е исклучително лесен и едноставен за употреба при работа. Има дополнителни PVC млазници за недостапни места. Лесен за чистење и одржување.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Заптивна смеса Multi, 50ml

0893556050

Карактеристики:

  • Универзално анаеробно лепило и средство за заптивање со средна јачина
  • MULTI може да се користи како осигурувач со средна јачина за завртки, лежишта, како заптивна смеса за површини, цевкини навои, кои треба да се вадат со нормални алатки.
  • Високо отпорен на голем број бази, гасови, растворувачи, масла и горива

Барањето за достапност е успешно испратено.

Средство за осигурување на лагери, висока цврстина

Средство за осигурување лежишта со висока цврстина

  • за извондредно јаки зацврстувања на ракавци, чаури, запченици, клинови, склопови на вратила, слоеви на осовини и главчини и лежишта кои се изложени на големи оптоварувања.
  • Спречува корозија и запекување на лагерите.
  • Демонтажа на лагерите е можна со помош на специјални алати - радапцигери 
2 верзии
Види се

Барањето за достапност е успешно испратено.

Пиштол за пур пена ECO метален, црвен

189115220

Професионален метален пиштол за нанесување на пиштолска пур пена.

Барањето за достапност е успешно испратено.

Градежна и техничка хемија

Close
Filter by Clear All