Градежна и техничка хемија
Популарни артикли од категоријата Градежна и техничка хемија
Емулзионо масло Standard полусинтетичко 20 кг.
Висококвалитетно полусинтетичко масло за ладење за лесна и средно тешка обработка на челик, леано железо и алуминиум.
Универзално применливо на стругови, брусилки и CNC машини во области со мала тврдост на водата.
Реставратор на метал, 400G
Моќна метална паста за брусење за отстранување на најтврдоглавата нечистотија на металот. Сертифициран со NSF.
Алат за рамнење фуга, пластичен, FUGENGLATTER
Rost off plus, одвртувач во спреј, 400ml
Висококвалитетен растворувач на корозија и подмачкувач - благодарение на најновата технологија за адитиви (технологија OMC 2), која овозможува високо капиларно дејство.
Оптималните својства на капиларноста обезбедуваат извонредна пенетрација и високо растворање на корозијата.
MULTICLEAN, 400ml
Средство за осигурување завртки средна цвртина
Средство за осигурување на завртки со средна цврстина претставува осигурувач и заптивна маса на навојниот спој, а со помош на обичен алат може повторно да се демонтира. Средството за осигурување на завртките има повеќе предности. Може да се употребува на неисчистени и предходно не подготвени површини, на нерѓосувачки челик, хемиски стабилни површини каде што не се потребни "катализатори" или "активатори".Со употребата на овој спреј се спречува раздвојувањето предизвикано од вибрации и ударно оптеретување, со што се избегнуваат несаканите проблеми со осигурувањето.
K+D MS универзал лепак и заптивна маса 290ml
Флексибилно и повеќенаменско MS лепило и дихт маса, погодно за внатрешна и надворешна употреба во сите временски услови.
Формулирано врз основа на MS полимер, обезбедува одлична адхезија и трајност.
Погодно за: најразлични лепења и дихтувања кај:
- возила, каросерии, кампери и контејнерска конструкција,
- за технологија за греење, вентилација и климатизација (HVAC системи),
- градежништво, споеви во бетон, прозорци и врати,
- општи заптивни и хидроизолациски апликации,
- покриви и олуци,
- за различни индустриски сектори,
- изградба на патишта и мостови,
- метални конструкции, апаратурна и постројна конструкција.
Лепење на различни материјали:
алуминиум, гранит, керамика, мермер, порцелан, метали, ПВЦ, стакло, дрво и порозни површини (бетон, тула, варовник итн).
Леплив подмачкувач HHS ® 6000 PLUS, 400ml
Карактеристики:
- Универзално, синтетичко масло со високи перформанси со извонредни својства за подмачкување благодарение на додавањето на бор нитрид.
- Ако подмачкувањето на маслото се прекине на повисоки температури (над 180°C), борниот нитрид го презема подмачкувањето до 1000°C (суво подмачкување).
- Подмачкувачот не е штетен по здравјето, што го прави идеално погоден за прехранбената индустрија.
- За професионална употреба кај најмали толеранции, прецизни делови или дури и со високи температурни оптоварувања, како што се лежишта, синџири, спојници, пружини, лизгачки шини или жичени кабли (сајли).
- Температурно отпорен од -40оC до +1000оC
Пена за режење
К+Д Лепак + Заптивна маса
Еластичен полиуретански лепак и заптивна маса со универзална намена. Погоден е за примена на метал, обоени површини, дрво, камен, бетон,полиестер и тврд ПВЦ.
Силикон ацетат
Силикон ацетат служи за заптивање на неоптоварените споеви на непорозните материјали како стакло, керамика, глазирани плочи и сл. Овој силикон има мн добра прицврстувачка моќ, има одлични механички карактеристики, еластичен е и отпорен е на сите временски услови и UV зраци.
Спреј за нега и подмачкување, 300ml
Лепак за дрво D3
-Лепак за дрво погоден за внатрешна и надворешна употреба.
-Висока отпорност на вода и топлина.
- Едноставен систем за истурање.
- Со одвртување на изливот за лепило, содржината на контејнерот може чисто и лесно да се истури.
Пиштол за пур-пена ECO пластичен, црвено/црн
Пластичен пиштол за професионално нанесување на пиштолска пур пена, составен од месингани дизни и цевки од нерѓосувачки челик. Благодарејќи на малата тежина и ергономската ПВЦ рачка, овој апарат сигурно лежи во рака. Лесен е за употреба и има дополнителни ПВЦ вбризгувачи за непристапни места.
Пур пена во спреј UNIVERSAL 600 ml
Максимална адхезија, висока топлотна и звучна изолација и брза, чиста апликација совршена за фиксирање, пополнување и изолација при секојдневната работа
- Одлична адхезија на речиси сите материјали, дрво, бетон, малтер, метал, ПВЦ и полистирен
- Високи вредности на звучна и топлотна изолација
- Водоотпорна, отпорна на мувла, може да се бојадисува
- Пакување од 600 мл – економично, практично, ефикасно
Совршена за:
- Монтажа и изолација на врати и прозори
- Пополнување споеви, отвори и шуплини
- Изолација на електрични приклучоци и водоводни цевки
ПУ лепак за изолациски панели
- Лепак за лепење на изолациски панели (стиропор)
- За поставување до 15m2 изолација
- Препорачана температура на примена: +5⁰ до +35⁰
- Волумен: до 45l, во зависност од влажноста
- Потполно стврднува по12h
- Лесно се нанесува и дозира со помош на пиштол
Високовпивачка крпа за бришење, жолта, 43x32cm
Крпа која се одликува со извонредна впивливост, што ја прави одлична за сушење и завршно бришење. Брзо ги впива водените капки и не остава дамки, со што обезбедува сјаен финиш.
- Висококвалитетна синтетичка кожа отпорна на триење и течност за чистење.
- Брза апсорпција.
- Разни примени: површина во возила, емајл, мебел и слично.
Пур пена во спреј нискоекспандирачка
- Висока ефикасност
- Врзување за различни подлоги
- Одлична звучна изолација
- Добра димензионална стабилност
- Препорачана примена: +5⁰ до 35⁰C (оптимална температура на примена 20⁰C)
- Волумен на пена: 45l (зависи од влажноста)
- Време за работа: 8 минути
Масло за нега на прохром, 400ml
За брзо и едноставно обновување на изгледот на метални површини.