RSS

Блог

0 ДАЛИ СÈ УШТЕ КОРИСТИТЕ РАЗЛИЧНИ ДИСКОВИ ЗА СЕЧЕЊЕ? ДИСК ЗА СЕЧЕЊЕ ОД ТВРД МЕТАЛ - КАРБИД

Диск за сечење за сите случаи. Пробајте го практичниот и универзален диск за сечење сега!

                                                                   Диск за сечeње дрво/пласт., карбид

                                                                     🔗 Каталошки број - 0667410112

Промената на дисковите за сечење завршува

Секој што бара практично решение за брзо сечење, може да користи универзален диск за сечење карбид кој е погоден за многу различни материјали.

Затоа, би сакале да ви го претставиме карбидниот диск за сечење, кој се користи првенствено во градежништвото, кај електричари, столари и во санитарниот сектор.

Овој диск за сечење се состои од специјално изработена тврда метална гранулатура и се користи на аголна брусалка. Сече тврдо и меко дрво, иверица, медијапан, МДФ (фиберборд со средна густина), фибер-гипс и гипс фиберборд, пластика, како што се кабелски канали и цевки и многу повеќе.

Што го разликува дискот за сечење:

  • Различни материјали може да се сечат
  • Нема одземање многу време за промена на алати и додатоци
  • Брзи намалувања
  • Леснотија на користење
  • Нема повратен удар при сечење
  • Дискот при сечењето може да се „влече“ или „турка“

Екстремно безбеден за употреба

Стабилната врска помеѓу челичното тело и тврдиот метал гранулат обезбедува издржливост и безбедност при сечење. Минималната дебелина на панелот и прицврстувачките слоеви овозможуваат голема периферна брзина од 80m/s.

Разновидноста и долгиот работен век се постигнуваат преку употреба на избрани, квалитетни карбидни гранули со одредена големина.

Погледнете ја видео презентацијата на следниов линк:

https://www.youtube.com/watch?v=I16ICJ7k2Mc

0 АНАЕРОБНИ ЛЕПИЛА Вурт DOS-Системи

ТИПИЧНИ АПЛИКАЦИИ ЗА АНАЕРОБНИ ЛЕПИЛА

Дали станува збор за осигурување на завртки, дихтување на површини, дихтување на цевни навои – со анаеробните лепила Вие реално заглавувате или дихтувате метални делови.

Анаеробните лепила и заптивки (дихт маси) може да се користат на многу различни начини и денес се користат во скоро сите производствени областина пример во конструкцијата на леталатаавтомобилската индустријаво металната индустрија, конструкција на алати или во одржување.Анаеробните лепила се издржливидури и при динамички континуирани оптоварувања (притисок, вибрациии затоа се идеални за процесирање во области од хидрауликата, пневматиката и прецизното инженерство.

Анаеробните лепила и дихт маси за осигурување завртки одамна се познати и докажани.Тие исто така се погодни за лепење на цилиндрични споеви или спојување на врски пиксна-болцна (чаура-ракавец) како и за дихтување на површини и цевкини навои.Тие гарантираат стабилна механичка конекција на металните делови со симултана заштита против корозија заради дихтување на спојот.Анаеробните лепила типично се користат за следниве апликации:

Осигурување на навојни врски

Анаеробните лепила се користат за осигурување на завртки и превенција од несакано олабавување или олабавување заради надворешни влијанија и загуба на затезна сила како главен принцип кај навојните врски. Во зависност од тоа каква улога има навојната врска и кога е потребно пак да се раздели, се користат различни лепила со средна или висока цврстина. Големината на навојот, температурите и хемиските влијанија исто така играат важна улога овде. Овде е наведен рангот на производи за оваа намена:

                                                        Средство за осигурување завртки средна цвртина

                                                                    🔗 Каталошки број - 0893243025

 

https://www.youtube.com/watch?v=kgqBH6fVaqk

                                                                       Лепак за осиг. завртки, висока цврстина

                                                                           🔗 Каталошки број - 0893270025

Употребата на анаеробни лепила за осигурување завртки исто така заштедува материјал и трошоци.Кога правилно се користи, лепилото креира врска во материјалот, така што зазорот во навојот е задихтуван и спојот е заштитен од корозија.Ова значи дека може да се користат стандардни завртки наместо специјални завртки за осигурување.Наместо слепи отвори, во ред се поевтини проаѓачки отвори благодарение на ефектот на дихтување.

Површински дихт маси

Анаеробните дихт маси за површининудат алтернатива за конвенционалните тврди дихтунзи.Тие стануваат значајно популарни бидејќи не треба да се исечат или повторно да се затегнат. Површинските дихт маси се нанесуваат во течна форма и перманентно ја пополнуваат површинската рапавост и толерантните отстапувања на површините на металните фланши или куќишта.Тие се приспособуваат перфектно на обликот на површината.

Благодарение на комплетната врска во материјалот, може сигурно да се дихтуваат машински делови, фланши или цевни врски и превенција од протекување на течности или гасови. Откако потполно ќе се стврднат, се создава дихтунг кој е отпорен на стареење и абење и не се собира. На овој начин, ги поднесува промените многу подобро отколку конвенционалните тврди дихтунзи. Површинските дихт маси реално штитат од корозија и постигнуваат моментален дихтувачки ефект против ниски притисоци веднаш по инсталацијата.

Дихт за цевни навои

Слично како површинските дихт маси опишани погоре, анаеробните лепила исто така ги заштитуваат цевните врски од протекување на течности и гасови.Се постигнува моментален ефект на дихтување против ниски притисоци со пополнување на зазорите во навојот.Потполно стврднати, тие ги дихтуваат споевите до притисок на распркување.Ова реално спречува протекувања кои може да се појават заради вибрации, оштетени навои или температурни промени.

                                                                           Заптив. маса за цевки, Rohrdicht

                                                                           🔗 Каталошки број - 0893577050

                                                                      Средство за заптивање на цевки со PTFE

                                                                           🔗 Каталошки број - 0893511050

Перманентно спојување на метали

Анаеробните лепила спојуваат коаксијални делови како што се чаури (хилзни), лагери, запченици или прифат / чаура(болцна/пиксна) – споеви, сигурно и безбедно.Тие се отпорни на абење и издржуваат високи оптоварувања или температури.Го оптимизираат преносот на моќта, штитат од корозија и овозможуваат еднаква распределба на напоните.Заради способноста на лепилото да пополнува зазори, компонентите може да имаат поголеми толеранции и затоа може да заштедат средства и да го продолжат работниот век на куќиштата.Лепилото се нанесува во течна состојба и креира потполн контакт помеѓу две метални површини.Не е потребно многу време за нанесување, механичко процесирање, без механички спојувања, без скапи резервни делови.

https://www.youtube.com/watch?v=D1F1nPWU0yk

                                                                    Средство за осиг. лагери, висока цврстина

                                                                              🔗 Каталошки број - 0893603025

 

                                                      

                                                                     Средство за осиг.лежишта, висока темпер.

                                                                            🔗 Каталошки број - 0893620050

Предности од користењето на анаеробни лепила:

  • Стабилност и конзистентност на перформансите за да се задоволат потребите на скоро сите дихтунзи, осигурување и дихтување на навои, дихтување на цевки и осигурување од протекувања.
  • Карактеристична хемија која не бара нанесување на прајмер на неактивни метали.
  • Подобрена сигурност на производот
  • Супериорен исход при производство / монтажа, склопови со полесна тежина
  • Подобрен квалитет на готовиот производ
  • Побрзо време на сушење, зависи од активни или неактивни површини
  • Лесно се применува
  • Заштитува од корозија
  • Обезбедува олабавување од вибрации
  • Го намалува заморот на споевите
  • Елиминира други механички уреди за осигурување
  • Овозможува толеранција во обработката
  • Ги намалува трошоците

И сето ова во Würth DOS-System пакување:

https://www.youtube.com/watch?v=RuHJTqHkHdA

0 MS ХИБРИДЕН ПОЛИМЕР Треба да решите некој проблем со дихтување или лепење?

Што е MS хибриден полимер?

Полимер од новата генерација кој ги комбинира предностите на екстремно еластична маса и материјал компатибилен со лакови и бои, полимер кој е развиен во Јапонија во 1979. Хемиската основа е силан-модифициран полиестер на која се додадени полнила, пластификатори и различни помошни продукти.

                                                                               Безбоен лепак и заптивна маса

                                                                              🔗 Каталошки број - 08932250

   Лепило и дихт маса, стакло проѕирна. Главни предности:

  • Еколошки компатибилен бидејќи не содржи разредувачи, изоцијанати и халогени (нема предупредувачки знаци за штетни материи)
  • Неутрален систем, без мирис
  • Без изоцијанати, разредувачи, силикони и не е корозивен
  • Едноставен за употреба, добра истисливост дури и при ниски температури до 5оС
  • Многу добро придржување на повеќе површини без прајмер
  • Може да се пребои влажно-на-влажно со повеќе системи на лак
  • Компатибилен и со бои, може да се пребои
  • Може краткотрајно да се изложи на температури и до 200оС за боење со прав
  • Добри механички особини
  • Залепените метални плочи може точкесто да се заварат
  • Висока UV- стабилност
  • Отпорен на стареење
  • Отпорен на вода, разблажени неоргански киселини и бази, средства за чистење
  • Температурна отпорност од -40 оС до 90 оС
  • Долготрајна еластичност дури и при ниски температури, без скрутување
  • Време на складирање / Рок на траење – најмалку 12 месеци
  • Издолжување пред кинење повеќе од 300%

Карактеристични места на примена

Градежни работи

Одличната отпорност на временските влијанија и УВ зрачењето, како и големата отпорност на кинење овозможува примена на градежни споеви од материјали со различен степен на дилатација, на пр. монтажни фасади и дихтување на полиуретански облоги, како и при вградување на прозорски штокови, дихтување на прозори.

Дихтувањето на дилатациони споеви на градежни елементи со употреба на PE исполна, овозможува долготрајна задихтуваност од продувување и продор на вода во внатрешноста на градежните објекти. Дополнително, лесното истиснување на ниски температури (до 5 оС ) го чини погоден за работа во текот на целата година.

Со употреба на несоодветни дихтувачки маси, (на пр. Силикон ацетат или полиуретан на места изложени на сонце) ризикуваме од појава на штета од протекување и дополнителни работи за поправка.

Кровопокривачки и лимарски работи

Одлична еластичност на остварените споеви на ниски температури без дополнително скрутување на масата, добра компатибилност со различни материјали и УВ отпорноста го прави МЅ полимерот извонреден за дихтување и лепење кај лимарските и кровопокривачките работи, на пр. прекривање на покривите со лим, вентилациските отвори и изработка на олуци.

Металоградба, реклами и системи за вентилација

Одличните механички особини на споевите и доброто прилегнување на различни материјали го прават погоден за употреба во металоградбата, пр. конструкции од инокс, изработка на градинарски стакленици, поштенски сандачиња , изработка на реклами, рекламни паноа, дисплеи и знаци. Погоден е и за употреба кај вентилациските системи (ILH Berlin:BM07/06-5)

Столарски работи

Добрите својства на прилегнување на различните видови на дрво и можноста за пребојување го чинат МЅ Полимерот погоден за лепење и дихтување на делови од дрво во внатрешниот и надворешниот простор.

Употреба во близина на прехранбени производи

Погоден за употреба во близина на прехранбени производи, (ISEGA 26123 U 08). Може да се користи и на влажни подлоги. Изработка на изложбени витрини, разладни комори исл.

Работи во ентериерот

Покрај горенаведените особини и затоа што е без мирис и без штетно влијание за околината, погоден е за употреба во внатрешни простори за лепење и дихтување. Пр, стаклени прегради, одбојници на стаклени врати, конзоли за стаклени полици, маси од стакло / метал, дихтување на прозорци, изработка на огради од стакла кај скалила и сл.

https://www.youtube.com/watch?v=VENdxPnYENw

Автолимарски работи и изработка на надградби на возила

Дихтување на споеви на каросерија кои можат и точкесто да се заварат и дополнително да се пребојадисаат. Задихтуваните споеви во комората за сушење на боја можат краткотрајно да се изложат на температура и до 200 оС. За лепење и дихтување на делови за надградба на возила, монтажа на пластични панели, преградни ѕидови, вентилациски системи. Може да се користи преку повеќето основни премази без ограничување. Можно е пребојадисување “влажно на влажно”.

Благодарејќи на особините и предностите на производот, места на примена се наоѓаат буквално “секаде”, го прават применлив во градежништвото и во секторот на одржување.

Треба да решите некој проблем со дихтување или лепење?

Помислете на MS Polymer – дихтувачка маса и лепило, производ од новата генерација кој има широка примена во градежништвото, металоградбата, ентериери, репарација на каросерија на возилата и техниката воопшто.

0 КВАЛИТЕТ БЕЗ КОМПРОМИС ЕКСТРЕМНА ПЕРФЕКЦИЈА!

Очекувањата за ZEBRA рачниот алат се едноставни:

ЕКСТРЕМНА ПЕРФЕКЦИЈА!

Со компетенција базирана на шест децениското производство на алат, Вурт веќе 50 години нуди сопствена програма ZEBRA, која што е синоним за највисок квалитет во овој домен. Големото искуство и примената на напредни технологии при производство на алатот го даваат потребниот фокус кон постигнувањето на максимумот.

Zebra krckalki

ZEBRA: Третман на највисоко ниво; Квалитет во детали;

Сите производи кои можат да се најдат со знакот на ZEBRA, претставуваат врв во својата класа, а со тоа прв избор за фабриките и конструкторите низ целиот свет. Придобивките од апсолутниот премиум квалитет и постојаното подобрување и интелигентни решенија, се огледуваат низ распространетата прифатеност, но и преку признанијата: TUV низ своето тестирање во 2010 година заклучи дека крцкалките со 72 запци од програмата ZEBRA имаат околу 20% повеќе циклуси од најблискиот ривал, и веќе 50% повеќе од третиот на ранг листата.

ZEBRA крцкалките со 72 запци1/4" и 1/2", Докажано најдобри крцкалки во светот.

zebra krckalki 72 zabi

                                                                               Крцкалка 72 забци, ZEBRA

                                                                           🔗 Каталошки број - 07120140

Наградата "Reddot" пак, се доделува на оние кои се разликуваат во својот бизнис по успешниот дизајн, а во овој случај се однесува на крцкалката со 48 запци, која има функција да го блокира клучот, или да го насочи неговото движење во лево или во десно.

reddot

krckalki red dot

Најнови крцкалки во семејството се:

1/2"и1/4"ЗАШТИТЕНИ ОД ПРАШИНА

zebra zastiteni

kolicka

Интелигентните решенија вклучуваат прифат  POWERDRIV  профил кој се применува на клучевите и вметоците со цел да нема оштетување на аглите и овозможува подобро и поголемо искористување на силата и до 50%:

powerdrive okasti racvasti

Како и повеќенаменски клуч со пет различни употребни форми MULTI прифат:

multi prifat

Дополнително, широкиот асортиман на разнородни клучеви од повеќе форми, чија конструкција запазува различни потреби, како и конструкција на алат со трокомпонентна рачка која обезбедува мек фат и поголем пренос на силата, го доловуваат впечатокот за уникатниот квалитет достапен кај алатот на Вурт, обезбедувајќи долг работен век и максимална искористеност која произведува задоволство.

Вурт во својата програма го има "Zebra 3K"  одвртувачот . Тој се карактеризира со три компонентна рачка, која совршено налегнува на вашата рака и овозможува оптимален пренос на силата. Финото налегнување на раката овозможува голема чувствителност во работниот процес и спречува оштетување на завртките. Поседуваат ударна капа на крајот на рачката и дополнителен прифат за клуч кои овозможуваат зголемени сили за одвртување. Во долниот дел прифатот е од хром ванадиум легура со т.н. "Black Point", што овозможува зголемена видливост, прецизно и точно налегање.

3k

3k strafciger

                                                

                                                    ZEBRA одвртувач 3K со ударна капа шлиц 

                                                           🔗 Каталошки број - 0613200035

Клештите ZEBRA обилуваат со интелигентни решенија. Се карактеризираат со долг работен век, прецизност на сечивото и засилен хромиран слој. Двокомпонентната рачка се состои од црвен и црн дел. Црвениот дел овозможува сигурност и цврстина во работењето, додека црниот одлично налегнување, пријатно држење и оптимален пренос на силата.

zebra klesti

                                                ZEBRA - ПРЕМИУМ КВАЛИТЕТ ЗА ГАРАНТИРАНА САТИСФАКЦИЈА!

0 ДИСКОВИ НА СОПИРАЧКИ Витални компоненти на системот за сопирање

Дисковите на сопирачките се витална компонента на системот за сопирање, погрижете се да ја проверите нивната состојба при секој технички преглед и на секој редовен сервис.

Ограничувањата на брзината значат дека навистина не е важно колку брзо може да оди вашиот автомобил или колку брзо може да стигне до целта. Меѓутоа, запирањето на возилото е друга работа. Системот за сопирање е од клучно значење за безбедноста на вашето возило, за вас и вашите патници.

Со текот на времето, дисковите на сопирачките се абат. Тие може да пукнат или да развијат корозија или длабоки трагови / гребаници, да се искриват или едноставно да се истрошат. Кога тоа ќе се случи, тие треба да се заменат.

Продолжената работа на или под минималната дебелина на дискот може да доведе до откажување на системот за сопирање. Како што дискот ја достигнува својата минимална дебелина, растојанието на сопирање се зголемува, понекогаш и до 4 метри.

истрошен диск

                                                                                             Истрошен диск

пукнатини на дискот

                                                                                           .Пукнатини на диск

Дали корозијата може да ја загрози структурата на дискот?

Не, ќе биде потребно многу корозија во вистинските области за да предизвика структурен дефект на дискот. Абењето од нормално сопирање има поголеми шанси да го уништи дискот.

Многу често се прават обработувања на изабените дискови, што не е секогаш препорачливо од производителите на возила. Треба да се препознае кој диск може да се обработи, а за тоа постојат информации од производителот на конкретното возило колку треба да изнесува минималната дебелина на дискот.

На крајот, обработката мора да биде прецизна затоа што при сопирање од поголеми брзини (пр.100 km/h) може да дојде до вибрации на воланот и педалата на сопирачката како и тресење на предницата и до несакани последици.

Новиот диск може да има отстапување од макс. 0,03 mm во фабриката, што е во рамките на спецификацијата за толеранции за повеќето нови возила. Но, кога е монтиран на прирабница која има 0,07 mm отстапување и има и мала корозија, склопот може да биде веќе над 0,1 mm од толеранцијата и многу повеќе од повеќето OEM спецификации. Затоа е важно и прирабницата да биде добро исчистена од нечистотии и од корозија. Дополнително треба да се проверат и лежиштата.

Странично абење Варирање на дебелината – Груби површини за сопирање

Што предизвикува пукање на дискот?

Дисковите не пукаат од удирање во дупка или тротоар, туку заради стресот од топлината и циклусите од топло на ладно. Механичките напрегања од запирање на возилото исто така можат да играат улога.

Секој пат кога се активираат сопирачките, дискот се загрева и се шири. По ослободувањето на пакновите, дискот се лади и се собира. Ова може да создаде замор во дискот што може да предизвика пукање и структурен дефект.

Заменскиот нов диск е конструиран и произведен со карактеристики за управување со стресот од топлинските циклуси. Вентилацискиот диск има посебни комори помеѓу двете површини за сопирање. Овие отвори помагаат дискот да се олади побрзо, што е основа за одржување на висок степен на триење и сила на сопирање.

                                                                                                Нов диск

Новиот диск мора да овозможи возилото да запре под одредено растојание при различни оптоварувања, сценарија и притисок на педалата. Производителите на дискови за сопирачки мора да ги дизајнираат нивните дискови да работат на исто ниво или подобро од оригиналниот диск од производителот OEM. Отстапување од дизајнот на OEM за да се заштедат пари може да резултира со компромитиран систем за сопирање.

Секогаш на новиот диск треба да се исчистат страните за триење на дискот користејќи средство за чистење на сопирачки. Никогаш не се користи средство за чистење на база на нафта или силикон како средство за одмастување, бидејќи тоа ќе предизвика оштетување на бојата и ќе остави мрсни наслаги кои се непожелни.

бремсен

                                     

                                                                                         Чистач за кочници

                                                                              🔗 Каталошки број - 08901087

крпи за бришење

                                                                                              Крпи за чистење

                                                                             🔗 Каталошки број - 1899800224

Испрскајте го средството за чистење за сопирачки на чиста крпа. Внимавајте да не ја допирате обоената површина на дискот. Бојата е дизајнирана да се суши на високи температури и исклучително лесно се оштетува.

Свртете го дискот и исчистете ја главината на задниот дел од дискот. Со целата работа што ја вложувате во поправката / замената, последното нешто што сакате е да монтирате нечист диск.

При составување на склопот за сопирање потребно е да се следат упатствата од производителот за затегање до правилниот вртежен момент со помош на момент клуч.

момент клуч

                                                      

                                                                            Момент клуч 1/2', 60-300 Nm

                                                                        🔗 Каталошки број - 0714720300

Секако, тоа треба да се направи и со затегање на тркалото.

бандаж

На крај, задолжително тестирајте го возилото за да се обезбеди правилно функционирање на системот за сопирање.

0 СОЧУВАЈТЕ ЈА МОЌТА! – ЗГОЛЕМЕТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ! ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ И ОДРЖУВАЊЕ на системите за експлоатација на гориво

Важноста на адитивите за гориво

Не секогаш горивото што го полните во вашиот автомобил е идеално чисто. Иако нафтените компании се грижат да достават до крајните потрошувачи идеално чисто гориво со највисок квалитет според класата на гориво, сепак можно е и несакано контаминирање на истото при транспорт, преточување и влијание на температурната промена. Горивото може да има разни нечистотии како што се прашина и најчесто киселата кондензирана вода. Заради овие нечистотии, дефинитивно се нарушува целосната ефикасност на горивото бидејќи имаме нецелосно согорување, што пак влијае на максималните перформанси на моторот.

Современите бензиски мотори се доста осетливи на квалитетот на горивата.

Ќе наведеме неколку проблеми при работа на моторот кои се јавуваат заради нечистото гориво:

  • Непотполно согорување, зголемена емисија на издувни гасови, недоволно забрзувањенамалена снага на моторот:

- Ако лошото гориво влезе во комората за согорување, нечистотиите присутни во него ќе ги затнат инјекторите /бризгалките. Поради ова, коморите ќе добијат недоволна количина на гориво за согорување, што ќе резултира со губење на моќноста и забрзувањето.

  • Гареж на бризгалките / инјекторите, оштетен филтер за гориво

- Главната цел на филтерот за гориво е да ги одвои ситните нечистотии од горивото наполнето во резервоарот. Меѓутоа, ако нечистотиите се поголеми од очекуваното, внатрешните компоненти на филтерот за гориво ќе се оштетат, соодветно на оштетувањето нечистото гориво продолжува низ водовите понатаму до инјекторите и до неправилно вбризгување на горивото. Низ филтерот проаѓа и киселата кондензирана вода која дополнително ги нагризува бризгалките и доведува до нивна неправилна работа.

  • Варијации во брзината додека возите / “трокирање”, зголемена потрошувачка, наслаги во коморите за согорување, наслаги на вентилите,

-Поради нечистотии во горивото, ќе се наруши конзистентноста на количината на гориво што се внесува во комората за согорување. Оваа неправилност и ненадеен проток на гориво ќе доведат до варијации во забрзувањето на возилото додека возите. Истовремено, неправилното согорување доведува до брзо формирање на наслаги / гарежи на вентилите и нивна неправилна работа – губење на компресија.

наслаги на всисни вентили

  • Проблеми при стартувањето на моторот

- При палење на моторот, ако горивото се измеша со загадувачи и вода, моторот воопшто нема да стартува или ќе се запали по повеќекратни обиди.

За сите вакви проблеми во секојдневната експлоатација на возилата WURTH нуди:

РЕШЕНИЈА со помош на течности за подобрување на перформансите – адитиви

Максимални перформанси во комбинација со максимална безбедност и ефикасност

Адитивите за бензин и дизел ги спречуваат и елиминираат наслагите во коморите за согорување, на вентили, млазници за вбризгување или на филтер за честички / саѓи на дизел мотор.

Темата за адитиви за гориво е честопати опкружена со недостаток на дефиниции помеѓу различните категории на адитиви за гориво и состојби за кои се дизајнирани за решавање.

Најголемата недоумица кај сопствениците на возила и прашања се:

Што се адитиви? Зошто течности за подобрување на перформансите - адитиви? Мојот механичар никако не препорачува користење на било какви адитиви. Производителот забранува користење на адитиви. Ако ставам адитив, каква штета може да направам? Итн...

Но исто така, многу професионални автомеханичари често ги класифицираат адитивите за гориво како „механичар во боца“ - решенија за различни помали проблеми, кои можат да спречат или отстранат многу проблеми кај системот за испорака на гориво.

Адитивите се супстанции кои се користат во мали количини во возилата за нивно превентивно одржување, решавање на помали проблеми во работата како и подобрување на перформансите на возилата.

Со употреба на адитивите се подобрува удобноста во возењето, сигурноста на возилото и може да се спречат скапи поправки или хаварии на моторот.

Со додавање на соодветен адитив за гориво или за дизел, не може да се направи никаква штета. Едноставно адитивите делуваат на системот за гориво како “витамини”.

Користењето е едноставно – само додадете во резервоарот за гориво пред или по полнење со гориво, а може и во било кое време, адитивот има одлична моќ на мешање со горивото. Дури и ако ставите во поголема концентрација од препорачаната, повторно, апсолутно нема да предизвикате никаква штета. Напротив, во некои случаи на големи нечистотии дури и е подобро – поефикасно.

Адитивите на WURTH за ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ кај бензинските мотори содржат детергенти, антикорозивни компоненти, зголемувачи на октанската вредност, заштита од оштетување – ерозија на доседот на вентилите, инхибитори за неповолните хемиски реакции и материи против пенливост.

https://www.youtube.com/watch?v=O2cqaxMsrqw

Соодветно на современиот возен парк во Македонија, WURTH има 2 адитиви за бензиски мотори:

                                                  Чистач на системот за директно вбризгување кај бензински мотори

                                                                                🔗 Каталошки број - 5861111303

  • Ги отстранува смолестите и карбонските наслаги од вентилите и дизните за вбризгување и во микроподрачјата на системот за вбризгување со што се подобрува неговата функционалност
  • Антикорозивна заштита
  • Го врзува и неутрализира киселиот кондензат на водата
  • Количината од 300 ml е доволна за 50-60 lit гориво

сл. бризгалки, пред и по чистење

 

 

Средство за одржување и подобрување на работата на бензин мотори

                            🔗 Каталошки број - 5861101300

  • Ги отстранува смолестите и карбонските наслаги во бензиската пумпа, вентилите и седиштата на вентилите.
  • Ги отстранува остатоците од оксидацискиот процес
  • Го продолжува животниот век на катализаторот

Примена:

  • При зголемена потрошувачка на гориво
  • При промена во работата на моторот
  • При појава на кондензат на вода во горивото
  • При употреба на гориво E10 со додаток на БИО гориво
  • Содржината од 300 ml - за 70-75 l гориво

сл. Делување на адитивот - чистење на вентили без демонтажа

За разлика од бензиските мотори, кај дизел моторите проблемите кои се јавуваат заради нечисто дизел гориво се поизразени:

сл. Неисправност на системот за дизел гориво

 

  • Зголемена емисија на штетни гасови – повеќе чад и честички

- стандардите за емисии на гасови се контролираат и се бара нивна примена

  • Употребата на EURO дизел горива со намален процент на сулфур – намалено подмачкување на системот за гориво (дизел горивото дејствува како подмачкувач) и намалена е оксидациската стабилност – корозија.
  • Наслагите на дизните ги затвораат отворите и предизвикуваат нивна неправилна работа – зголемена потрошувачка
  • Се создаваат наслаги од парафин на вратот на вентилот и во контролните вентили во пумпата – неправилна работа, намалена снага на моторот.
  • Во зимски услови горивото има намалена филтрабилност и моќ на распрскување – отежната работа и зголемена потрошувачка на гориво

 

WURTH Течностите за подобрување на перформансите кај дизел моторите содржат:

Детергенти, компонетнти за подобрување на подмачкувањето, антиоксиданти, средства против бактерии и габички, компоненти за чистење на DPF филтер честичките, стабилизатори за Цетанскиот број, компоненти за заштита од корозија и инхибитори за неповолните хемиски реакции.

https://www.youtube.com/watch?v=uWa6FfHRjSM

Првиот адитив за дизел мотори е:

                                                     Средство за чистење и заштита на дизел системи на вбризгување

                                                                           🔗 Каталошки број - 5861011300

Применлив за сите типови дизел мотори

Раствора и отстранува наслаги во пумпата и дизните

Ги неутрализира и отстранува киселите оксиди од согорувањето

Ја регулира емисијата на штетни гасови

Го штити системот за гориво од корозија, од резервоарот до комората за согорување

Го намалува “тропањето” на вентилите и дизните заради слабиот квалитет на горивото

Го подобрува подмачкувањето на елементите при употреба на “Euro” дизел со намален процент на сулфур

Содржината од 300 ml - за 30-50 lit гориво

Вториот адитив е:

                                                                                   Адитив дизел Common Rail

                                                                              🔗 Каталошки број - 5861001301 

За подмачкување на системот за вбризгување на дизел горивото кај патничките и комерцијалните возила кои користат Euro dizel гориво со намален процент на сулфур.

Спречува депозити во комората за согорување и системот за вбризгување

Овозможува точно вбризгување на дизел горивото

- Пониска потрошувачка на гориво

- Тивка работа на моторот

За сите дизел мотори со Common Rail или Pumpa Duse вбризгување.

Потребно е во резервоарот да има најмалку 10 lit дизел гориво. 300ml доволно е за 70lit дизел гориво,

Препорачуваме употреба на секои 2000 km како превентива

Да резимираме:

Зошто течности за подобрување на перформансите - адитиви?

  • ОВОЗМОЖУВААТ РЕШАВАЊЕ НА МАЛИ ПРОБЛЕМИ ВО РАБОТАТА НА ВОЗИЛОТО
  • ГИ ПОДОБРУВААТ КАРАКТЕРИСТИКИТЕ И ОВОЗМОЖУВААТ МАКСИМАЛНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ НА СИСТЕМИТЕ
  • ОВОЗМОЖУВААТ ПРЕВЕНТИВНО ОДРЖУВАЊЕ
  • ДОЛГОРОЧНА И БЕЗГРИЖНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА
0 Полипропиленски влакна и нивната улога во бетонот Грижата за микропукнатини во бетонот е минато

Широка примена на полипропиленските влакна во модерното градежништво

gradeznistvo

Со цел да бидат подобрени структурните својства на малтерот и бетонот на едноставен начин, како што e цврстина, жилавост, отпорност на замор, ударна цврстина итн, потекнува идејата во подготовката на бетон да се додадаваат PP (Poly Propylene) влакна.

PP vlakna

Со овој додаток во мешавината на песок, цемент и вода, бетонот добива подолг животен век, многу подобро се вградува, се постигнува отпорност на пукање, отпорност на удар и спречување на пукање на места на дилатација.
Додавањето на PP влакна за зајакнување на бетонот не е нова идеја. Ако тргнеме од многу одамна, во калта како градежен материјал се додавала слама за да се добие поцврст материјал за градба.

куќа од кал

Во минатото во бетонот се додавале најразлични влакна, како од јута, животински влакна и сл. Современиот развој на влакната започнал во шеесетите години. Од тогаш па сè до денес во употреба се природните органски, потоа челични, стаклени, минерални, карбон, полипропиленски и разни синтетички влакна.

Примена на влакната како додаток во бетонот, е да се подобрат својствата кои можат да бидат од голема важност во неговата практична примена.

Во свежиот бетон се додаваат влакна кои се утврдуваат според видот и типот со пресметка. Влакната со вметнување во бетонот, прават мрежа која доведува до рамномерно налегнување. Со поставувањето на арматура по целиот нејзин пресек се избегнува ризикот од поставување на арматурата во погрешна област и се спречува ширењето на потенцијалните пуканатини на бетонот во сите правци. Редуцирајќи ги пукнатините, ги намалуваат можностите за лесно навлегување на вода во зацврснатиот бетон.

ПП влакната покажуваат и добри резултати како коректори на свежиот а и на зацврснатиот бетон.


Микросинтетички (полипропиленски ) влакна

Се произведуваат од полипропилен и се со должини од 3 до 18 мм, а најприфатена е стандардна димензија од 12 мм. Со должина од 12 мм се постигнува најрамномерно мешање со бетонот и избегнување заплеткување во топка на едно место како што е почест случај со многу подолгите влакна.

Имаат широка примена. Нивна основна особина е да ја зголемат затегнувачката отпорност на бетонот, па овозможува оптимална завршна обработка, што секако е многу важно за секој мајстор. Зголемувајќи ја отпорноста на абење на бетонот, ја зголемуваат и долготрајноста и квалитетот. Овие влакна даваат и зголемена отпорност на мраз, слична на онаа која ја има бетонот со додавањето на адитиви.

Најчесто е поставено прашањето за дозирање, колку ПП влакна се додаваат во 1 m3 бетон?

Во пакување доаѓаат по 910 гр, што е идеално дозирање за 1 m3 бетон.

На пример ако имаме кошулка со дебелина од 5 cm, тогаш едно пакување е доволно за 20 m. Зошто е токму оваа тежина од 910 гр? Ова доаѓа од англиската мерка за тежина (Pound), која е еднаква на 2 Pounds = 910 гр.

При подготовка на бетонот во мала мешалка за бетон, ПП влакната се додаваат постепено и рамномерно се самораспределуваат при мешањето.

Вурт Македонија во својата програма ги има токму овие влакна за добивање на армиран бетон. Иако самото ПП влакно има многу голема цврстина на истегнување кое според тестирањето по SIST EN ISO 2062 : 2010 е 300 N/mm2 *, мора да напоменеме дека ПП влакната не можат да ја заменат челичната мрежа за армирање која ја дава носивоста на бетонот.

  • Тестот е направен во Словенечкиот Национален Градежен Институт

армирана бетонска плоча

Слика на Синтетички влакна за бетон

 Синтетички влакна за бетон

  🔗Каталошки број -  0893222910

ПП влакната исто така се вградуваат во префабрикувани бетонски елементи, во тунели бидејки ги спречуваат микропукнатините.

Во современото градежништво времето и неговата заштеда е еден од главните фактори, па со појавата на ПП влакната имаме значително намалени трошоци за ангажирање на работна сила, зголемена брзина на изведување на градежни работи, подобри својства од челичните класични мрежи, го чинат микроармирањето многу едноставно и брзо.

Предностите на ПП влакната во однос на челичната мрежа се лесно и едноставно вградувањенема развој на корозијаја подобруваат отпорноста на абење и ударија зголемуваат отпорноста на вода заради намалени микропукнатини и на крај се поекономични.

Во западноевропските земји овој начин на изведување завзема примарна позиција при изградба на тунели, патишта, аеродромски писти, подни бетонски плочи па дури и во градба на станови.

плоча со кошулка

Кај нас сеуште најраспространета примена ПП влакната имаат во подготвување на кошулки за порамнување на бетонски плочи, подлоги пред да се лепат плочки или да се поставува дрвен под (ламинат, паркет или таркет), потоа индустриски подови во производни хали, маацини, гаражи, во станбени објекти и сл.

Секако за идеално и брзо порамнување претходно потребна е и ласерска технологија за нивелирање:

Ласер и статив

                                                                                   Статив за ласер, телескопски

                                                                                  🔗 Каталошки број -  0714649303

 

Ласер RL 05 14

                                                                                   Ротационен ласер RL5-14

                                                                             🔗Каталошки број - 5709300305

 

https://www.youtube.com/watch?v=Vy020DZO30U

Со натамошниот развој на влакната, како и технологијата на спојување, микроармираните бетони ќе имаат се поголема примена.

комплетна кошулка

0 Минимален напор, максимална безбедност четири чекори до ново стакло

Ветробранските стакла се исклучително квалитетна компонента. Поради нивната цврста поставеност, тие даваат значаен придонес за стабилноста на целото возило. Затоа, заменувањето на стаклото бара највисоко ниво на прецизност и соодветни работни материјали. Работете безбедно со Würth лепила за прозорци. Нашите системи се идеално прилагодени за поправка на постари и на нови модели на возила. Можете да дознаете како да го замените ветробранското стакло во следните упатства - чекор по чекор.

Чекор 1: Како да ги демонтирате додатоците

За да се замени стаклото, мора да биде слободно, достапно. Затоа, прво расклопете ги сите надворешни дополнителни делови.

  • Отстранување на декоративната лајсна: со четириделниот сет на клинови за демонтирање од Würth, можете брзо и лесно да ги отстраните пластичните штипки / држачи. Пластиката засилена со стаклени влакна го спречува телото да се деформира или оштети при демонтирање.
  • Отстранување на бришачот на шофершајбната: употребете го подигачот на штипки за да ги олабавите капачињата, а потоа и завртувачката врска на рачката на бришачот со реверзибилната крцкалка Würth. Со извлекувачот, можете лесно да ги извадите краците на бришачите со движење на туркање и повлекување.

Внимание: Контактната електрохемиска корозија се јавува на приклучокот кога алуминиумот и челикот се спојуваат, односно контакт помеѓу разнородни метали. Затоа мора да очекувате евентуално оштетување или деформација при олабавување на оваа врска. Но секако и овде имаме решение, а тоа е Rost Off Special - Отстранувач на 'рѓа со високи перформанси.

Чекор 2: Вака совршено го отсекувате стаклото (лепилото)

Ветробранското стакло се сече во неколку последователни чекори. Комплетот за сечење од Würth ја содржи вистинската алатка за секој чекор:

  • Лепилото се прободува со сондата: За да го отстраните стаклото, мора да го пробиете лепилото со сондата вклучена во комплетот. Конецот за сечење е погоден за стакла со особено тесен јаз. Нашиот совет: Заштитете ги околните делови за прицврстување на каросеријата со леплива лента Würth од ткаенина.
  • Прицврстете го конецот за сечење на сондата. За време на овој чекор, проверете дали конецот за сечење е поставен под работ на стаклото.

  • Прицврстете го конецот внатре во возилото на алатката за сечење: Погрижете се потоа да ја поставите алатката спроти местото на дупчење и да создадете доволен вакуум. Оптималното задржување е загарантирано ако ја притиснете функцијата на пумпата додека црвената ознака повеќе не може да се види. Повторете го овој чекор три пати за да стигнете до секој агол од стаклото.
  • Извадете го старото стакло: закачете ја вакуум рачката директно на стаклото. Потоа подигнете го стаклото заедно со член на персоналот и ставете го на безбедна површина.
  • Израмнете го лепакот со универзалниот комплет за стругалка и ножеви од Würth.

Совет од Вурт: Со комплетот за отстранување на стакла Würth, не само што можете полесно, туку и побрзо да го отстраните стаклото. Ова значи дека професионалното отстранување на предните и страничните стакла може да се изврши уште побрзо и поефикасно. Со овој систем, исто така не е неопходно да се отстранат внатрешните облоги“.

Чекор 3: Како правилно да се подготви подлогата и лепилото

Чистата површина е неопходна за безбедно и цврсто залепување на стаклото. Затоа, бидете многу темелни во подготовката. Специјални средства за чистење од Würth ве поддржуваат во ова:

  • Прицврстете ги вакуум фаќалките: со нивна помош, ставете го новото стакло на прирабницата на телото. За оптимална адхезија, претходно испрскајте ја површината со активното средство за чистење на Würth.
  • Исчистете ја прирабницата на шасијата и стаклото: Отстранете ја грубата нечистотија со активно средство за чистење и специјална крпа како што е крпата за чистење Tex-Rein. Проверете дали добро сте ги исчистиле и лепливите површини.
  • Прирабница на шасијата и стаклото: За да обезбедите основа за лепилото на стаклото, грундирајте ја прирабницата на шасијата пред да го инсталирате новото стакло. За совршен резултат користете го Varioprimer 4-во-1.

Чекор 4: Како да го поставите новото стакло

По подготовката, време е за последниот чекор, лепење. Производите Würth Perfect Repair обезбедуваат убедлив резултат:

  • Нанесување го лепилото: Откако прајмерот ќе се исуши доволно, обично по 15 минути, можете да го нанесете Würth Window Adhesive Ultimate. Преформираната млазница за апликација во “V” облик ви овозможува рамномерно нанесување.
  • Инсталирајте го стаклото: поставете го стаклото на прирабницата на шасијата. За оптимална адхезија, притиснете го стаклото рамномерно и лесно на шасијата. Потоа фиксирајте го стаклото на телото со леплива лента за ткаенина. Ова ќе спречи лизгање на стаклото додека лепилото се стврднува.
  • Поставете ги дополнителните делови, речиси e готово! Во последниот чекор, повторно составете ги претходно отстранетите додатоци во обратен редослед.

Безбедноста на прво место: Како да спречите незгоди на работа

Исто како што ветробранското стакло мора да ги заштити патниците на возилото од удар, вие и вашите вработени мора да се заштитат и себеси при процесот на замена. Треба да обрнете посебно внимание на очите и рацете. За да ги заштитите вашите очи, ги препорачуваме нашите леснизаштитни очила CLASSIC. Исто така, неопходно е да носите ракавици во текот на целиот работен процес. Тие мора да бидат удобни за работа, издржливи и да ја штитат вашата кожа. Tiger Flex ракавиците ги исполнуваат овие критериуми и затоа се идеално прилагодени за замена на стакла.

Конечно, најважното нешто: Обрнете внимание на совршената услуга за клиентите

Ако клиентот го донесе автомобилот во вашата работилница за да го замени ветробранското стакло, ќе се препорачате себеси како долгогодишен партнер со одлична услуга. На пример, можете да ги користите надворешните и внатрешните заштитни средства од Würth. Тие го штитат возилото на купувачот од нечистотија и гребнатини. Навлаките на воланот и седиштата се погодни за сите типови возила. Тие спречуваат лепливи дамки или нечистотии кои можат да се појават при замена на стаклото.

Исто така, заштитете ги крилата и браникот на автомобилот кога ќе го извадите старото стакло или ќе ставите ново. Во спротивно може да се оштетат телата од челик, алуминиум и пластика.Заштитата за браникот / крилата од Würth гарантира дека повеќе нема да се грижите за заштита на каросеријата.

Дополнително, понудете им на вашите клиенти конечно чистење на нивниот автомобил – вклучувајќи чистење и нега на ентериерот. Чистењето става акцент на вашата работа и гарантира дека клиентот добро се чувствува и дека е во добри раце.

Погледнете го целиот процес овде

🔗 https://www.youtube.com/watch?v=B7cGWxEC6B0

0 БРИШАЧИ НА ШОФЕРШАЈБНАТА ВАЖНА БЕЗБЕДНОСНА КОМПОНЕНТА

Бришачите се клучна компонента на автомобилот која еволуирала со дизајнот на автомобилот.

Тие се од суштинско значење за отстранување на дожд, снег, мраз, прашина, полен или други остатоци од шофершајбната за да имате јасен поглед кога возите. Бидејќи честопати сообраќајните несреќи се предизвикани од лошата видливост, ова ги прави бришачите на шофершајбната, заедно со светлата и внатрешната вентилација, од витално значење за безбедноста при возењето.

Иако се многу важен дел од автомобилот, на бришачите на шофершајбната им се посветува малку внимание, а луѓето обично ја препознаваат нивната важност при невреме или обилни врнежи.

Како и секоја друга опрема, четкичките на бришачите може да се скинат, пукаат и повеќе да немаат ефикасност за правилно чистење на шофершајбната.

Затоа, погрижете се да ги замените бришачите на шофершајбната на време.

Оттука, бришачите мора да бидат дел од редовниот сервис на автомобилот, во спротивно искинати бришачи може да ги загрозат животите на луѓето и да доведат до опасни последици.

Кои се знаците за дотраеност на бришачите?

  • Истрошени гумички на бришачите, нерамномерно бришење.

  • Стврднати гумички на бришачите, тресење и бучава (чкрипење) при бришење.

  • Искинати гумички

КАКО ПРАВИЛНО ДА СЕ ИЗБЕРЕ СООДВЕТЕН БРИШАЧ?

Изборот на бришачот може да биде предизвик на прв поглед, но најпрво можеме да се запрашаме каков прифат за бришачите има на нашето возило, а потоа изборот е полесен.

Дополнително, ако истиот прифат прима различни типови на бришачи, тогаш е прашање повеќеза преференциите и дизајн.

Може според избор на дизајн, издржливост до замена или според тип на автомобил ние да го избереме најкорисниот.

Сè на сè, изборот е секогаш во рамките на квалитетни и сигурни производи бидејќи секогаш го бараме задоволството на нашите клиенти.

Корисен линк за избор на бришачи и димензии според марка на автомобил:

🔗 https://www.wurth.co.uk/en/wurth_gb/services/application/wiper_blade_finder/wiperblades.php

Задоволство ни е да ви ја претставиме комплетната линија на бришачи вклучувајќи различни линии на конвенционални, flatblade, како и задни бришачи за автомобили и линија за комерцијални возила за соочување со повеќето пазарни сегменти каде што е потребен стабилен и доверлив квалитет.

🔗 E-Shop Wurth Македонија | Бришачи

Бришачите бараат добар дизајн, висококвалитетни материјали во метална или пластична структура, гумата за бришење со соодветна облога, како и одличен адаптерски систем компатибилен со типовите на краци за да обезбеди безбедно и удобно искуство во возењето на корисникот.

Wurth бришачите се изработени од високо издржлив материјал и специјална гума за обложување кои се отпорни на абење, топлина и временски услови за да се обезбеди долготрајна употреба. Дизајнирани за перформанси во сите временски услови. Користење на напредна технологија за следење на контурите на заобленоста на шофершајбната за да се обезбеди секогаш бришење без бучава, мазно, чисто и без тресење.

Аеродинамичниот дизајн го намалува отпорот, бришат стабилно дури и при најлошото време. Силните челични пружини обезбедуваат соодветна, униформа сила да се примени низ целата четка на бришачот. Перформансите остануваат конзистентни цело време. Нашите бришачи доаѓаат со различни видови адаптери што одговараат на широк опсег на возила. Овозможува брзо и лесно инсталирање во еден чекор, а на пакувањето има едноставни упатства за инсталација.

КОНВЕНЦИОНАЛНА - СТАНДАРД СЕРИЈА

Со конвенционален опсег на бришачи Würth обезбедува комплетно решение за различни пазарни сегменти во ОЕМ квалитет според спецификациите и очекувањата на корисниците.

                                                          

                                                                 🔗 STANDARD метлица бришач за автостакла

Оваа линија е поддржана и подобрена со постојаните повратни информации од нашите клиенти во повеќе од 40 земји, каде постојат многу различни климатски услови.

Од официјално застапништво до независна работилница, работилници за поправка на шофершајбни, бензискистаници и сл., се трудиме да обезбедиме комплетно решение со адекватни перформанси за секој пазар.

FLAT BLADE СЕРИЈА

Рамните четкички на бришачите – Flatblade, се резултат на еволуција на традиционалниот конвенционален бришач. За разлика од конвенционалните бришачи, flatblade сечилата се потпираат на конструкција од јаглероден челик со единствен лачен дизајн кој овозможува рамномерна распределба на притисокот на стаклото. Благодарение на ова, flatblade бришачот може да ја прилагоди својата форма на кривината на модерните автомобилски ветробрански стакла и да одговори на поинаков начин на барањата на возилата со напредна аеродинамика при поголеми брзини, со што сечилото на бришачот поефикасно и со еднаква дистрибуција на сила и притисок налегнува на стаклото додека бришете, правејќи помазно чистење и минимално абење.

 

                                                         🔗  FLATBLADE универзален бришач за автостакла

Ако се фокусираме на неговата гума, нејзиниот засилен квалитет со графитна обвивка останува клучна карактеристика за давање енергија и зајакнување на перформансите на бришење во рамнотежа со неговото тивко движење. Овие робусни рамки и гума со извонреден отпор на корозија, топлина и УВ зрачење се најотпорни и неуморен систем за отстранување на водата, прашината и снегот. Резултатот е возачко искуство со видливост во најдобра форма.

Забележете

Проверете дали шофершајбната нема масло, восок, катран и други нечистотии, за да не влијае негативно на работниот век.

Совет:

Секогаш ставајте заштитен материјал на шофершајбната при монтирање.

Инсталација:

Од аеродинамички причини (функција на спојлер), при монтажата мора да се осигура дека дупченото лого на листот на бришачот е свртено кон хаубата на моторот.

0 НЕГА НА РАЦЕТЕ ВО ЗАНАЕТОТ: ЗАШТИТИ, ЧИСТИ, ОДРЖУВАЈ Останете здрави: едукација и превенција

НЕГА НА РАЦЕТЕ ВО ЗАНАЕТОТ: ЗАШТИТИ, ЧИСТИ, ОДРЖУВАЈ

ЕФИКАСНИ СРЕДСТВА КОИ ПОМАГААТ ЗА НЕГА И ЧИСТЕЊЕ НА КОЖАТА

Нашата кожа е нашиот најголем сетилен орган. Специјализирана за механички, термички и хемиски стимули, кожата ни дава многу витални информации за нашата непосредна околина.

Промена на гуми, замена на акумулатор на автомобилот, замена на масло... Ако работите како механичар за автомобили, во метални конструкции, работа во екстремни временски услови па дури и во трговија, честопати сте изложени на опасности за кожата на рацете.Ние ќе ви покажеме како оптимално да ја заштитите и негувате.

Пред сè, недостатокот на нега на кожата и несоодветната заштита на кожата значат дека на мажите им се дава боледување се почесто и подолго време поради проблеми со кожата. Законодавците ја препознаа потребата и ја направија заштитата на кожата професионална должност.

Од работодавачите се бара да обезбедат доволно производи за да ги заштитат вработените и да овозможат редовна употреба. Производите за заштита на кожата припаѓаат на полето на лична заштитна опрема (ЛЗО). Здравите вработени се многу важни за една компанија. Затоа, работодавачите треба да ја исполнат оваа должност и да тргнат во офанзива. Од особено значење е стручно-едукативната работа. Само кога вработените ќе сфатат колку е важна заштитата на кожата за сопственото здравје, ќе ги прифатат и користат соодветните производи.

Кожните болести поврзани со работата главно ги погодуваат вработените кои често се во контакт со влага, на пример хемикалии, медиуми за ладење измешани со вода (антифриз) или средства за чистење. Ова може да ја преоптовари кожата и да доведе до кожни реакции.

Вообичаени кожни болести (дерматози) се егзема на рацете. Првите знаци се груби дамки, црвенило, печење и лупење. Третманот на егзема е долг и скап, а во најлош случај доведува до застој или губење работа. Многу важно: за ефикасна превенција за вработените од кожни болести, не е доволно само да им се обезбедат на вработените ефективни производи погодни за кожата. Важно е плановите за заштита на кожата постојано да се спроведуваат во секојдневните операции. Работодавците играат важна улога во ова. Како прво, тие имаат законска обврска да ги заштитат своите вработени. Од друга страна, професионалната заштита на кожата треба да им биде многу важна.

Превенцијата е најдобриот лек. Успешната заштита на кожата на работа – пред, за време и после работа – е предуслов за долг и здрав работен век. SKIN LINE на Вурт комбинира превентивна заштита од штетни материи, погодна за кожата и во исто време темелно чистење, ефикасна дезинфекција и ефикасна нега. Состојките што се користат не треба непотребно да ја напрегаат или напаѓаат кожата. Средствата мора да ја земат предвид природата на загадувањето. Затоа, никогаш не треба да се користи појак производ отколку што е потребно.

Останете здрави: едукација и планови за заштита на кожата

Кремата за кожа не е само за нежните женски раце. Особено рацете на занаетчиите секојдневно можат да имаат корист од редовната нега. Дали ги миете рацете со обичен сапун? Дали ретко користите производи за заштита на кожата или лосиони за раце? Можеби воопшто не ви е гајле за вашата кожа? Треба да го промените тоа затоа што кожните заболувања веќе учествуваат со над 50% од болести поврзани со работата.

Различни супстанции, зголемен стрес и погрешни производи за чистење ја ослабнуваат вашата кожа. Ова може да доведе до иритација на кожата, егзема и во некои случаи до инвалидитет.

Како работодавец, вие сте правно должни да им понудите на своите вработени соодветни заштитни мерки. На овој начин вашиот тим останува здрав, се намалуваат боледувања и отсуствата заради кожни заболувања.

Водич за вистинските производи

Огромниот опсег на производи за чистење и нега на кожата може лесно да ве збуни. Во суштина, производите за чистење секогаш треба да се прилагодат на степенот на загадување. Никогаш не користете средство за чистење што е посилно од потребното. Кој чистач е погоден за кој степен на загадување? Кој агент за заштита на кожата штити од супстанциите што ги користите? Постои водич во боја и системи со точки кои ви помагаат да најдете соодветни производи.

Систем за кодирање во боја: за видливо здрава кожа

Користите крем за раце наместо гел за чистење или сте го погрешите средството за заштита на кожата со пената за нега? Ова не може да се случи со производи со систем за кодирање во боја. Кодовите во боја на пакувањето ви кажуваат на прв поглед за што е погоден производот и кога треба да се користи. Вурт го користи следниов систем за кодирање во боја од производната линија на SKIN LINE:

Сина = ЗАШТИТА SKIN LINE

Зелена = ЧИСТЕЊЕ SKIN LINE

Портокалова = НЕГА SKIN LINE

Посочете по вистинскиот производ

Лесната нечистотија, како што е прашината, обично може да се отстрани брзо со благ сапун. Но рацете со масло не се лесни за чистење. Можете лесно да видите дали средството за чистење е погодно за силно или лесно извалкани раце со системот од точки. Исто така, ве поддржува во изборот на соодветни производи за нега и производи за заштита на кожата. Колку е поинтензивен ефектот на производот, толку повеќе точки има на пакувањето. Какво е значењето: Пет поени се за најголема заштита со SKIN LINE PROTECT, со SKIN LINE CLEAN за најсилна моќ за чистење и со SKIN LINE CARE за оптимална нега.

Заштита, чистење и нега

Треба да ја исчистите кожата пред и после работа. Еден добар производ за чистење темелно чисти, ја штити кожата и ја негува.

               🔗 Каталошки број -  0893900021

Средство за чистење на раце без микропластика за средно до тешко извалкани раце, со природни средства за пилинг од перлит. Делува пријателски на кожата, чисти и штити. Високиот процент на супстанции со профилактички ефект спречуваат иритација на кожата.pH-неутрален и без сапун, дерматолошки тестирано.Длабински ги чисти рацете и ја отстранува нечистотијата како масло, маснотии, графит, метална прашина и саѓи. По миењето не е потребно да нанесете дополнително крема на рацете.

 

Перформанси (систем на поени)

3 од 5 поени

pH вредност

4.8

         

 

 

     

     

                                                                                                                                                                                                                             

       Паста за миење раце Natur 

 🔗 Каталошки број - 0893900000

сува кожа

сува кожа

нечистотии во порите

нечистотии во порите и под ноктите

мајсторски раце, масло

"мајсторски раце" , масло

Производите за заштита на кожата, чистење и нега се многу повеќе од изборни производи за убавина. Со редовна употреба на производи за нега и чистење, тие спречуваат заболувања на кожата и идеално обезбедуваат здрав (професионален) живот.