DOS анаеробни лепила

Популарни артикли од категоријата DOS анаеробни лепила

Load
Види како Табела Листа
Подреди по
Филтер

Средство за осигурување завртки висока цвртина

Средство за осигурување на завртки со висока цврстина претставува осигурувач и навојна маса која тешко се разделува. Се користи за осигурување, зацврстување и заптивање на завртки, навртки, навојни вметоци, навојни чепови кои не треба да се разделуваат. Погоден е за навојни споеви кои се изложени на големо оптоварување, го спречуваат разделувањето предизвикано од вибрации или ударно оптоварување. Има одлична хемиска и топлотна стабилност и може да се раздвои само со помош на специјален ударен алат или на температура повисока од 300 степени.Ова универзално средство има големо подрачје на примена.

2 верзии
Види се

requestavailability.successmessage

Средство за осигурување лежишта на покачена температура

Средство за осигурување на лежишта со висока цврстина се користи за силно зацврстување на ракавци, чаури, запчаници, споеви на осовини и главчини и лежишта кои се изложени на големи оптоварувања и температура.Ова средство е отпорно на температури од -55 до +200 степени.Средството за осигурување на лежишта спречува настанување на корозија, оштетувања на контактните површини кои ги осигуруваме и пополнува зазори од 0.2mm.

2 верзии
Види се

requestavailability.successmessage

Средство за осигурување на лагери, висока цврстина

Средство за осигурување лежишта со висока цврстина

  • за извондредно јаки зацврстувања на ракавци, чаури, запченици, клинови, склопови на вратила, слоеви на осовини и главчини и лежишта кои се изложени на големи оптоварувања.
  • Спречува корозија и запекување на лагерите.
  • Демонтажа на лагерите е можна со помош на специјални алати - радапцигери 
2 верзии
Види се

requestavailability.successmessage

Средство за осигурување завртки средна цвртина

0893243025

Средство за осигурување на завртки со средна цврстина претставува осигурувач и заптивна маса на навојниот спој, а со помош на обичен алат може повторно да се демонтира. Средството за осигурување на завртките има повеќе предности. Може да се употребува на неисчистени и предходно не подготвени површини, на нерѓосувачки челик, хемиски стабилни површини каде што не се потребни "катализатори" или "активатори".Со употребата на овој спреј се спречува раздвојувањето предизвикано од вибрации и ударно оптеретување, со што се избегнуваат несаканите проблеми со осигурувањето.

requestavailability.successmessage

Средство за заптивање на површински спојки, 50g

0893518050

Црвената површинска заптивна маса се користи за хоризонтални и вертикални површини на различни материјали. Многу е вискозна и пополнува процепи до 0.5mm. Оваа заптивна маса надоместува процепи настанати кај метали до температура од 120 степени, а исто така може да се применува кај заптивање на алуминиумски прирабнички споеви. Масата брзо се зацврснува што доведува до пократко време на застој во работата, а дава и можност за проверка на заптивањето со изложување на мал пробен притисок без чекање да се зацврсти масата.

requestavailability.successmessage

Средство за заптивање на цевки со PTFE, 50g

0893511050

Заптивно средство за цевки со мала цврстина со PTFE, служи за заптивање на сите метални цевни споеви и арматури со конусен или цилиндричен навој. Затегнатите споеви може да се оптоварат до 5 бари, додека оптоварувањето после завршното стврднување е до пукање на цевката. Ова средство неутрално се однесува во споредба со поголемиот број индустриски течности и гасови, отпорно е на хемикалии. Овозможува сигурна и брза монтажа, има бела боја и не е погодно за навои кои содржат бакар.

requestavailability.successmessage

Hidraulikdiht, 50g

0893545050

HIDRAULIKDIHT е заптивна маса за хидраулични инстралации. Оваа анаеробна маса се користи кај пневматски и хидраулични навојни споеви под големо оптоварување. Исто така може да се користи и на благо намастени површини, а обезбедува и одлична отпорност на сите хидраулични течности и горива и дава висока сигурност на споевите што се заптиваат.

requestavailability.successmessage

Заптивна смеса Multi, 50ml

0893556050

Карактеристики:

  • Универзално анаеробно лепило и средство за заптивање со средна јачина
  • MULTI може да се користи како осигурувач со средна јачина за завртки, лежишта, како заптивна смеса за површини, цевкини навои, кои треба да се вадат со нормални алатки.
  • Високо отпорен на голем број бази, гасови, растворувачи, масла и горива

requestavailability.successmessage

Motordiht, 100g

0893260100
Motordiht е заптивно средство кое ги заменува сите крути заптивки на споевите, со исклучок на спојот на главата на моторот. Ова средство успешно заптива до температури од 280 степени и отпорно е на притисок од 700 бари поради што може да се користи за заптивање на цевен водовод, како и садови под притисок. Motordiht има добра моќ на прилепување бидејќи се лепи за средството кое се заптива. Сигурно и долготрајно заптива површини од стакло, керамика и метал, а отпорно е на моторни, менувачки и хидроулични масла, дизел гориво, масло за ложење, разладни течности, бази, киселини, алкохоли, како и многу други материи и гасови.

requestavailability.successmessage

DOS анаеробни лепила

Неодамна Видени Производи