Примена: Еднокомпонентната пиштолска пур пена е наменета да се користи при монтажа на прозорци и врати, пополнување на разни видови на споеви, пополнување на отвори и пукнатини, исто така и за топлотна и звучна изолација. Го намалува влијанието на термичките мостови.Добро се прилепува на повеќето градежни материјали како што се дрво, бетон, камен, малтер, гипс, метал, ПВЦ и полистирен.
Карактеристики: Отпорност на вода, топлина и ниски температури, различни видови на хемикалии. Многу низок притисок при стврднување и умерена постекспанзија спречуваат деформација на градежните елементи. Не е отпорна на УВ зрачење. Не лепи замастени и замаслени површини, PTFE, PE и PP. Се нанесува со пиштол за пур пена.
Употреба: Пред употреба, подлогата треба да биде влажна, но не смее да биде замрзната. Пакувањето пур пена треба да биде најмалку 1 час на иста температура каде што е местото каде што треба да се користи и на тој начин би се изедначиле температурите пред употреба. Силно протресете ја боцата најмалку 30 пати. Отстранете го капачето и завртете ја боцата цврсто на пиштолот. Држете ја боцата наопаку при истиснување на пената. Пополнете ги споевите до околу 65%, бидејќи пената се шири. Доколку има поголеми споеви, нанесувајте ја пената во повеќе слоеви и лесно навлажнете меѓу секој слој за подобри резултати. Вишокот пена може да се исече откако целосно ќе се стврдне. Неисушената пена може да се отстрани со чистач за ПУР пена 0892160.
Складирање: Производот се чува на суво место на температура од +5°C до +30°C. Складирањето на места каде што има повисока температура (+ 35°C) го намалува рокот на употреба на производот.
Транспортирајте ги пакувањата во исправена положба.
Технички податоци: препорачана температура на подлогата и околината за време на употребувањето е +5°C до +30°C (оптимална температура +20°C). Не е леплива после 6-10 минути и може да се сече по период од 30 минути (TM 1005). Овие податоци важат за температура од +23°C и релативна влажност на воздухот од 50%.
Рок на употреба: 15 месеци од датумот на произведување.