Одмастувачи и чистачи
Популарни артикли од категоријата Одмастувачи и чистачи
Паста за раце, Professional, со дозер, 3000ml
Формулирана за отстранување на маснотии, масло, нафта, боја и било каков тип на нечистотија, при што нежно делува на кожата и ја остава мека и мазна
- Систем за чистење: 5/5 – масло, графит, масти, дизел, лепила, индустриски нечистотии
- Минерални микрогранули + глицерин – максимално чистење без сушење на кожата
- Пријатен мирис, pH неутрална – погодна и за честа употреба
- Интегриран дозер – спремна за употреба каде и да сте
- Идеална за пикапи, камиони, машини, теренски тимови
Пена за детекција на истек. на гас ПЛУС, 400ml
Пена за откривање на протекување за безбедно и брзо идентификување на незадихтувани области и микро-протекувања.
Област на примена
Погодно за сите технички и медицински гасови во опрема за компримиран воздух, опрема за компримиран гас, клима уреди, компресори, уреди за заварување, системи за воздушно сопирање, гуми, црева и транспортни резервоари. За гасови под притисок како што се азот, пропан, бутан, градски гас, ацетилен, јаглерод диоксид, аргон, воздух итн.
Инструкции
Прскајте ги деловите под притисок од растојание од приближно 40 см. Секое истекување се покажува со формирање меурчиња од пена. Доколку се сомневате на микро-истекување, набљудувајте ја испрсканата површина некое време. Потоа исплакнете ги деловите со вода.
Реставратор на метал, 400G
Моќна метална паста за брусење за отстранување на најтврдоглавата нечистотија на металот. Сертифициран со NSF.
Специјална крпа за прашина, импрегнирана
Специјалната крпа за прашина е импрегнирана крпа дизајнирана за ефикасно собирање и врзување на прашина и суви нечистотии од различни површини, како што се дрво, метал и пластика. Изработена е од висококвалитетна газа, која овозможува прашината да навлезе во внатрешните слоеви, обезбедувајќи дополнителна сигурност и максимална способност за задржување на прашината. Оваа крпа е особено погодна за сите боеџиски и чистечки задачи.
Спреј за нега на прохромски површини, 400ml
Спреј за отстранување на дихтунг, 300 ml
Спрејот за отстранување дихтунзи е производ кој за само неколку минути отстранува заптивни маси, лепила, лакови, заптивни глави на моторот, заптивки од издувниот систем, цијаноакрилати, бои, остатоци од масло, катран, смоли и мазива. Овој спреј може да се применува на предмети од метал, дрво, стакло, керамика, полиетилен и полипропилен. Спрејот може да се користи и на вертикални површини, а заштедува време поради своите лесни примени. Со употребата на овој спреј на метални површини се создава заштита од корозија.
Хартија во ролна, сина, 2-слојна
Хартијата за чистење е погодна за чистење површини во низа сектори (автомобилска индустрија, металопреработувачка, прехранбена индустрија).
Нечистотијата како масло и маснотии може да се отстранат со хартијата за чистење.
Поради високата јачина на ткаенината, може да се користи и за чистење на груби материјали од површини, на пример, струготини и рабови.
Чистач за кочници PLUS, 750ml
Посебно формулиран за тешко чистење и одмастување на поголем дел од површините на сопирачки, спојки, карбуратори и други делови од моторот, лесно и темелно.
- Специјална формулација за длабинско продирање во тврдокорна маснотија и нечистотии
- Раствора тврдокорна нечистотија предизвикана од течност за сопирачки, масло или абење на плочките
- Испарува без да остави остатоци
- Одмастува и штити од абење
- Вентилот овозможува прскање во 360° (сите позиции)
- Компатибилен со најчести метални површини
- Полнет со незапалив гас под притисок
Чистач за ладилник, 250 ml
Würth Radiator Cleaner е средство за чистење на радијатори со волумен од 250 ml, специјално формулирано за ефикасно отстранување на корозија и наслаги од кал во системот за ладење на моторот. Овој производ ги неутрализира остатоците од варовник и ги отстранува маслените и мрсни наслаги, обезбедувајќи зголемена оперативна сигурност преку чист систем за ладење. Погоден е за сите типови мотори и е компатибилен со антифриз. Се препорачува употреба на 250 ml средство за 10 литри ладилна течност.
Чистач на кочници
Универзалниот одмастувач служи за чистење и одмастување, брзо испира и има одличен ефект на чистење. Универзалниот одмастувач е многу компатибилен со лакови, пластика, лепила и гума. Брзо и ефикасно чисти саѓи, маст, прашина на сопирачки и остатоци од масло. Претставува одлична подготовка пред лепење и заптивање, чисти без остатоци и не содржи ацетон, AOX и силикон.
Чистач на прохромски површини
Специјална течност за чистење на метални површини.
За површини од нерѓочкувачки челик, хром, месинг,елоксирани и емајлирани метални површини како и за лесни и обоени метали на возила, чамци, во техниката, домаќинствата и во погоните за преработка на храна.
Чистач и одмастувач за кочници 5 l.
Универзалниот одмастувач се користи за чистење и одмастување, брзо испарува и има одличен ефект на чистење.
Овозможува одлична подготовка на површината пред лепење, запечатување, нанесување на течен метал, како и нанесување на лубрикант.
Индустриски чистач, 500ml
Индустриски чистач, 5l
Средство за чистење карбуратор, 500 ml
BMF Машински чистач, 5l
BMF е универзално средство за чистење и одмастување на подови, делови од машини и возила. Ова средство може да се нанесува механички, рачно или под голем притисок. Добро раствора масти и масла, не ги оштетува површините на материјалот на кој се нанесува, боја, гума и пластика. Ова средство не ја загадува околината и не содржи силикон.