Подмачкувачи
Популарни артикли од категоријата Подмачкувачи
Монтажна паста во спреј, 300ml
0893850
Висококвалитетната маст во спреј е наменета за подмачкување на деловите при монтажа. Формирајќи цврст заштитен слој, ова средство спречува прегревање и зарибување, го намалува триењето и штити од абење. Отпорна е на вода, солена вода, раствори на киселини и бази и има отпорност на притисок до границата на еластичност на сите познати метали. Ова средство се применува за подмачкување на делови при монтажа, водилки, навојни вретена, погонски вратила, зап, запчести шини, за монтажа со пресување на подлошката, лежишта, завртки, како и за врезување на навои, сечењ и обработка со деформација.
Силикон спреј, 5l
089322105
Силиконскиот спреј долготрајно ги штити и изолира пластичните, гумените и металните делови во внатрешните и на надворешните делови од возилото, делува антистатички и ги штити електричните контакти од влага. Со употреба на ова средство, пластичните делови добиваат сјај и еластичност, не се лепат и не замрзнуваат. Исто така се користи и за подмачкување на водилки и седишта, подвижни кровови, механизми на сигурносни појаси, неоставајќи дамки зад себе.
Повеќенаменска маст за подмачкување III, 400 gr.
0893107002
Синтетичката висококвалитетна бела маст за подмачкување штити од појава на нечистотии, вода, прашини и корозија. Спречува појава на ладно заварување и има добри својства на заптивање. Отпорна е на голем притисок благодарение на EP адитивот кој го поседува. Не содржи силикон, смоли и киселини.
Емулзионо масло Standard полусинтетичко 20 кг.
5893050002
Висококвалитетно полусинтетичко масло за ладење за лесна и средно тешка обработка на челик, леано железо и алуминиум.
Универзално применливо на стругови, брусилки и CNC машини во области со мала тврдост на водата.
CU 800 спреј - подмачкувач 300 ml
0893800
CU 800 e бакарно средство отпорно на висока температура кое служи за подмачкување и заштита од корозија, зарибување, ладно заварување и абење. Ова средство е отпорно на вода, бази, киселини, и има температурна отпорност во опсег од -20 степени до +1200 степени.Многу добро прилега на површините кои се подмачкуваат, како што се кочници, монтажни делови, полови на акумулатор, лежишта, лизгачки површини.
HHS Средство за чистење, 500 ml
089310610
HSS средството за претходно чистење со зајакнувач на прилепувањето е прилагодено на HSS производите. Ова средство брзо и ефикасно отстранува тврдокорни нечистотии, обезбедува подобро прилепување и го продолжува интервалот на средството за подмачкување. Обезбедува многу широк спектар на примена без набабрување на средството за заптивање. Ова средство не содржи ацетон, AOX и силикон.
MULTICLEAN, 400ml
08901096
MULTICLEAN е средство за чистење и привремено подмачкување во физиолошки и еколошки чувствителни зони. Може да се користи во простории каде што се произведуваат или складираат прехрамбени производи. Ова средство пружа работа без опасност со одлично својство за чистење, одмастување и отстранување на масло, смоласти наслаги и остатоци од силикон. Поседува добра компатибилност со различни материјали и не содржи штетни материјали како што се F+, F, N, Xi, ацетон, силикон и AOX.