producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
Мултифункционална еднокомпонентна ПУ пена за употреба со апликаторски пиштол, со зголемен принос, полесна апликација и можност за повторна употреба. Не содржи погонски гасови штетни за озонската обвивка.
Се користи при монтажа на прозорци и врати, пополнување на разни видови на споеви, пополнување на отвори и пукнатини, изолирање на електрични приклучоци и водоводни цевки, исто така и за топлотна и звучна изолација. Компатибилна е со поголем број материјали, како што се дрво, гипс, метал, PVC, итн.
Употреба: Пред употреба, подлогата треба да биде влажна, но не смее да биде замрзната. Пакувањето пур пена треба да биде најмалку 1 час на иста температура каде што е местото каде што треба да се користи и на тој начин би се изедначиле температурите пред употреба. Пакувањето треба да се протресе најмалку 20-30 пати пред употреба и потоа се монтира на пиштол. При употреба, вентилот треба да биде поставен надолу.
Препорачана температура на подлогата и околината за време на употребувањето е +5°C до +30°C (оптимална температура +20°C).
Складирање: Производот се чува на суво место на температура од +5°C до +30°C. Складирањето на места каде што има повисока температура го намалува рокот на употреба на производот. Транспортирајте ги пакувањата во исправена положба.