Својства и начин на делување:
Специјално формулирана светла боја посебно наменета за поправка на оштетен заштитен слој на поцинкувани површини заштитени со топло цинкување со цел да се постигне идентичен визуелен ефект. Содржи 96,50% микро фини честички на цинк, кои формираат активен заштитен слој со конзистентност од 100 часа при солено тестирање, спрема DIN 50021. Брзо се суши и добро прилепува на метални и галванизирани површини, поликарбонат, полистирен и плексиглас. Погоден е за примена како заварувачки предпремаз кај постапката на точкесто заварување.
Сув на прашина и допир: после15-20 min (за слој од 70 μm)
Целосно сув: после 10-12 h (за слој од 70 μm)
Температурна отпорност: околу +240°C.
Упатство за употреба:
1. Површината која се третира да се исчисти, одмасти и исуши. Препорачуваме употреба на Würth средствата за монтажно чистење.
2. Пред употреба добро протресете ја боцата во траење од 2 минути.
3. Рамномерно испрскајте ја површината која се заштитува, на оддалеченост од 15 до 25 cm, нанесувајќи1 до 2 тенки слоја. Препорачана дебелина на слојот: 70 μm; Дебелина на сув слој во еден потег напред-назад: 30 μm (Цинк спреј светол), 50 μm (Цинк спреј).
4. По употреба, превтрете ја боцата наопаку и прскајте се додека вентилот не се испразни.
5. Отприлика, по 20 минути, премазот, со препорачаната дебелина на нанесување, е сув на прашина и допир.
6. Целосна цврстина за механичка оперативност се постигнува по 10-12 часа (Цинк спреј светол), 120 минути (Цинк спреј).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не се компатибилни со PU, MS хибридни заптивни маси. Постои условна можност за лакирање, па потребно е претходно да се тестира. Боците се под притисок. Да не се изложуваат на директна сончева светлина и на температура поголема од +50°C. Да се чуваат на ладно и суво место. Да се заштитат од замрзнување. Идеална температура на чување: од +10°C до +30°C. Обратете внимание на ознаките за опасност. Носете соодветна заштитна опрема (ракавици, маска и очила).