Електрични машини
Популарни артикли од категоријата Електрични машини
Брз футер 1/2'-20UNF 2.бургии 1,5-13mm
Карактеристики:
- Опсег на стегање: 1,5–13 мм
- Навој: 1/2"-20 UNF
- Дизајн: Брзостегачка глава со две чаури, овозможувајќи лесна и брза промена на бургиите без потреба од клуч
- Материјал: Висококвалитетни материјали за долготрајна издржливост
Електрична полир машина 1200W, EPM 2000-7
Моќна полир машина со D-рачка која не лизга за практична и удобна работа. Машината има систем за апсорпција на вибрации на рачката. Воедно има и потенциометар за промена на бројот на вртежи, што дава можност за полирање на различни материјали.
Гаранција на производот: 3 години
Електрична Вибрациона Дупчалка 750W, SB13ХЕ
Моќна универзална ударна дупчалка 13 mm со ергономска рачка и едноставно префрлување од нормален во ударен режим. Обезбедува сигурно и стабилно работење дури и при високи оптоварувања.
Електрична стабилна пила за метал MMS 2300
Електрична стабилна пила за челик, инокс, алуминиум, бакар и пластика. Оваа машина има висок степен на безбедност благодарение на безбедносниот прекинувач кој оневозможува случајно движење на машината и безбедносен штитник кој го покрива местото на сечење и го штити корисникот. Рачката за носење, малата тежина и заклучувањето во долна положба овозможуваат поголема мобилност. Брзата стега на основата на плочата обезбедува брза и ефикасна работа. Пилата користи плочи за сечење (не пили) и има можност за заклучување на вретеното за брза промена на плочата.
Електрична аксијална брусалка GS700-E, 710W
Оваа лесна и компактна, а истовремено моќна електрична аксијална брусилка е идеална за работи со брусење и глодање. Машината има сигурносно исклучување - кога е заклучена, доводот на струја автоматски се прекинува. Исто така има и заштита од рестарт, односно ненамерно повторно вклучување. Термичката заштита од преоптоварување го штити моторот и овозможува долг работен век. Дополнително е зголемена отпорноста на прашина благодарение на обложените калеми и заштитната мрежа преку намотката.
Гаранција на производот: 3 години
Продолжен кабел на пластична моталка, 30m x 2,5 mm2
Моталка од цврста пластика со 4 приклучоци и неопренски кабел H07RN-F
- Едноставно и безбедно користење
- Флексибилен и сигурен кабел
- Автоматска заштита од прегревање
- Материјал на проводник - 100 % бакар, 2,5mm2
- Четири CEE 7/4 приклучоци со капак
- Сигурносни капачиња во приклучоците
- IP 44 Заштита од продирање на страни тела со дијаметар поголем од од 1mm. Заштита од прскање на вода од сите агли.
Примена:
- Професионална употреба во надворешни услови, индустриски и градежни работи.
- Подржува работа со електрични алати, ударни алати, алати со употреба на индустриска правосмукалка, индустриска осветлување.
Електро пневматски чекан MH16-XE
Електро-пневматски чекан за најсложените работи на штемањето и пробивањето. Големата моќност на ударот овозможува многу брз напредок во работите и до 13 тони скршен материјал на ден. Робустното куќиште е конструирано така што поднесува и најголеми оптоварувања. Машината има шпицови и секачи со големи димензии за подобра распределба на моќноста и подолг век на траење на секачот. Намалувањето на вибрациите на опругите овозможува долготрајна работа без замор. Се испорачува во практичен куфер со тркалца, за полесен транспорт.
Правосмукалка SEG10-Compact
Моќен уред за распрскување и екстракција за чистење на тапациран мебел и отстранување на дамки од теписи.
Многу добар резултат на вшмукување: бидејќи по чистењето останува само многу ниско ниво на преостаната влага, исчистениот тапацир и теписи можат брзо да се користат повторно.
Постојана контрола на процесот на чистење и перформансите на вшмукување благодарение на големиот транспарентен капак.
Практичната рачка за носење и држачите за кабел и млазница овозможуваат лесен и некомплициран транспорт.
Компактен дизајн што заштедува простор.
Идеално за чистење на тапациран мебел, ентериер на возила, чистење на теписи, како и за сите компании кои имаат дејност на чистење.
Гаранција на производ: 3 години
Електро пневматски чекан-дупчалка ERHD 24-MLS
Електропневматска чекан-дупчалка со мала маса и голема ударна моќ од 2,4 J е наменета за дупчење, ударно дупчење и штемување во градежништвото. Машината има 3 режими на работа - дупчење без удар, ударно дупчење и штемување, како и можност за промена на насоката на вртење. Машината има држач за алат SDS-PLUS.
Електро-пневматски чекан CH 5-SE
Електро-пневматски чекан со контрола на вибрации кој има исклучителен однос помеѓу моќноста и масата - 12,5 Ј ударна моќност на масата од само 5 кг. Замената на секачите и шпицевите е лесна, при што не е потребна употреба на дополнителни алати. SDS-max прифатот овозможува максимален пренос на сила. Можно е заклучување на алатот во повеќе положби, каде што корисникот избира најдобар агол на секачот за удобна работа. Покрај тоа, машината има и дополнителна рачка која се врти за 360°. Рачката на алатот е гумирана и има ергономска форма, за максимална удобност при долготрајно штемување.
Правосмукалка за Суво чистење TSS 7-L, Компактна
Компактна и лесна правосмукалка за суво чистење со ергономски ремен за носење, со капацитет од 7 литри и јачина од 850w.
Благодарение на ергономскиот ремен за носење и нејзината многу мала тежина од само 3,5 кг, правосмукалката може удобно да се носи.
Затоа, искачувањето на подолги растојанија или скали е лесно.
Поради оптимизираниот проток на воздух, правосмукалката постигнува многу висока моќ на вшмукување.
Сертифицирано за класа на прашина l.
Погодна за сите видови на деловни објекти и канцеларии, компании со дејност на чистење, влезови и скали во згради, како и за домашна употреба.
Гаранција на производот: 3 години.
Електрична Вибрациона Дупчалка 650W, EDI 13-K
Моќна, компактна и лесна вибрациона дупчалка со моќност од 650 W, се карактеризира со своето брзо дупчење и долг работен век. Поседува вграден ROHM метален брз футер. Оваа машина има 2 режими на работа - дупчење и ударно дупчење. Електричниот прекинувач со потенциометар овозможува прилагодување на постојан број на вртежи на дупчалката. Ергономскиот дизајн со гумирана рачка обезбедува пријатно ракување, без потешкотии, додека дополнителната гумирана ротациска рачка со дистанцер за еднаква длабочина на дупчење овозможува сигурна работа и при зголемен отпор на дупчење.
Електрична аголна брусалка EWS 24-230
Оваа аголна брусилка со моќност од 2.400 W поседува рачка која може да се постави под агол од 90˚ од двете страни, што дава можност за оптимални работни положби при сечење или брусење. Системот за намалување на вибрации на двете рачки обезбедува работа со помалку потешкотии. Брусилката има „мек“ старт, заштита од рестарт и индикатор за преоптоварување, што ја зголемува безбедноста во работата. Покрај тоа, заштитата од удари автоматски го прекинува доводот на струја во случај на ненадеен прекин на плочата после некакво надворешно влијание, што ја намалува опасноста од повреди.
Индустриска Правосмукалка Влажно/Суво ISS 30-L
Индустриска Правосмукалка за Суво и Влажно Чистење со капацитет од 30 Литри и јачина од 1.380W. Практична и Ергономска универзална правосмукалка со L Сертификација и Полуавтоматско чистење на филтерот.
Идеално за сите општи работи за чистење, како што се правосмукалка за автомобили, чистење подови, чистење работни маси.
Гаранција на производот: 3 години.
Електрична аголна брусилка, 2000W, EAG 20-230
Моќна аголна брусилка со антивибрациска рачка за удобна работа без дополнителни потешкотии. Машината има ротор заштитен од прашини и струготини, чии лежишта се во гумено куќиште за да се спречи „заварување“ на лежиштето во куќиштето при загревање.
Гаранција на производот: 3 години
Електричен индустриски фен HLG2000P LCD
Рачен фен со широк спектар на намени. Има LCD екран, погоден за однапред дефинирани температури и режими на проток на воздух. Издржливиот керамички грејач обезбедува подолг работен век на фенот и мала чувствителност на удари. Овој фен има и функција на ладење, односно опција за прилагодување на температурите на воздухот на 50°C за брзо ладење и за работа на ниски температури. Рачката со штитникот и мекиот материјал овозможуваат удобна и сигурна работа.
Електрична Убодна Пила, 780W STP 150 Power-B
Убодна пила за тешка професионална употреба. Моторот со голема моќ обезбедува висока сила и можност за работа во особено тешки услови. Зајакнатата основа спречува било какво свиткување. Меките гумени влошки обезбедуваат удобен фат и спречуваат лизгање при работа.
Електрична брусилка EWS 26-230 CLASSIC
Многу моќна брусалка со влезна моќност од 2600W со ротирачка рачка. Компактната алуминиумска брусна глава обезбедува голема издржливост додека може да пристапите до тесни простори. Мекиот старт го продолжува работниот век на машината, додека штитникот за брзо движење заштедува време при менување на процесот на обработка на материјалот. Ергономскиот дизајн и одличниот сооднос тежина-сила овозможуваат долготрајна работа. Гумата на кабелот го продолжува животниот век на кабелот во најсложените услови. Роторот заштитен со фиберглас обезбедува дополнителна заштита од метална прашина и струготини.
Електрична циркуларна пила 1100W, 190mm, ECS 1100
Електрична циркуларна пила со длабочина на сечење до 67 mm. Малата тежина и ергономскиот дизајн овозможуваат едноставно ракување, додека со помош на основната алуминиумска плоча се остварува прецизна контрола на сечењето. Механизмот за заклучување на вретеното обезбедува брза и едноставна замена на пилата. Можно е прилагодување на наклонот на основната плоча под агол од 45°. Машината има „мек“ старт.
Електрична аголна брусилка, 2000W, EWS 20-230S Classic
Брусалката има моќен мотор од 2000W. Погодна е за дискови со дијаметар од 230 mm, а фреквенцијата на ротација на дискот достигнува 6500 вртежи во минута.
Брусалката има странична ергономска рачка со гумена подлога, што овозможува подолго да се користи и да не се лизга лизгање.
Гаранција на производот: 3 години