producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
GRUNDFARBE претставува основна, антикорозивна боја која брзо се суши. Ова средство се користи за заштита на конструкции од јаглероден челик каде што е потребно брзо сушење. Средството се нанесува на суви, одмастени и чисти површини. Се суши со оксидација на воздух и има сива боја.
requestavailability.successmessage
Својства и начин на делување:
Основна заштитна боја на база на алкидни смоли која особено добро прилепува на челични површини. За антикорозивна заштита на конструкции од јаглеродни челици каде се бара брзо време на сушење.
Упатство за употреба:
Препорачано разредување:
До 15% со употреба на адекватен разредувач. Зависно од условите на работа, препорачуваме употреба на адекватен нитро или синтетички разредувач (бојата може да се разредува со нитро или маслен разредувач)
Постапка на сушење: Да се суши со оксидација на воздух.
Време на сушење:Времето на сушење зависи од циркулацијата на воздухот, надворешната температура и дебелината на нанесениот слој.
Времето на сушење при температура од 20ºC за дебелина на слој од 50 μm:
• Суво на површина … 30 min.
• Суво на допир … 1 h.
• Целосно суво … 4 h.
• Може да се пребојува по 1 h од секое претходно нанесување на слој
• Специфична тежина … 1,65 – 1,70 kg/lit.
Подготовка на површината:
Пред нанесување на основната боја, површината мора да биде чиста, сува и одмастена. За чистење и одмастување препорачуваме употреба на нитро разредувач VMD 2013.
Потрошувачка:Количина од 0,75 l е доволна за покривање на 7–8 m² со дебелина на слој од 50 μm.