ПУ конструктивен лепак
Полиуретански структурен лепак за исклучително моќно лепење. Поради пенестата структура, многу добро се прилагодува на геометријата на спојот. Наменет е за места кои може да бидат изложени на зголемена температура и/или влажност, во согласност со D4 спецификација DIN/EN 204, а ги исполнува и критериумите согласно WATT 91 DIN EN 14257. Наменет за лепење на споеви на прозорци и врати изработени од дрво, алуминиум (анодизиран и елоксиран алуминиум). Исто така добро лепи и керамика, гума, метал, тврд ПВЦ, тврда пена изработени од фенол и полиуретан, полистирен.
Каталошки број: 0892100102