producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
Компактен и моќен уред за прецизно заварување
Würth REL 160 апаратот за заварување претставува одличен избор за сите кои бараат сигурен, лесен и практичен уред за REL (MMA) заварување.
Со максимална струја на заварување од 160 A, овој апарат е способен да одговори на различни барања, без разлика дали се користи во работилница, на терен или за домашни проекти.
Апаратот се одликува со LED дисплеј, Arc Force, Hot Start и Anti Stick функционалности, благодарение на кои се овозможува лесно палење на електродата, поедноставно одржување на лакот и спречување на лепењето на електродата за работниот предмет при заварување.
Барањето за достапност е успешно испратено.
Високи перформанси во компактно пакување
Овој модел се одликува со висока интермитенција и стабилна работа и при повисоки температури до 40°C.
Со напон на отворено коло од 68 V, лесно го започнува процесот на заварување дури и со електроди со дијаметар до 3,2 mm.
Компактните димензии и масата од само 3 kg го прават исклучително лесен за пренесување и употреба на различни локации.
Практичност и сигурност на прво место
REL 160 доаѓа со кабли за маса и електрода со должина од 2 m и пресек од 16 mm², што обезбедува сигурна и ефикасна употреба.
Со заштита од класа IP21S и изолациона класа H (180°C), уредот нуди дополнителна сигурност и долг работен век.
Уредот е фабрички подесен на максимални вредности на струјата за оптимални резултати при заварување.