Градежна и техничка хемија
Популарни артикли од категоријата Градежна и техничка хемија
Супер лепак, 20g
Цијаноакрилатен структурен лепак за универзална употреба
- Патентиран специјален капак
- Ракување со една рака
- Прецизно дозирање
- Спречува лепење на отворот
Лепи за неколку секунди
- Може веднаш да се обработува
- Брзи поправки
- Едноставна монтажа без дополнителни материјали
- Обично не е потребно зголемување на температурата
CU 800 спреј - подмачкувач 300 ml
Силикон спреј, 5l
Контакт спреј OS, 200 ml
Хартија за бришење, 100% Cel, Бела 26x23cm 800л
- Многу добро впива течности
- Отпорна на кинење при бришење
- Не остава „влакна“
- Погодна за бришење и сушење на површини, бришење на масло и маснотии, за бришење на раце и делови од телото
HHS Средство за чистење, 500 ml
HSS средството за претходно чистење со зајакнувач на прилепувањето е прилагодено на HSS производите. Ова средство брзо и ефикасно отстранува тврдокорни нечистотии, обезбедува подобро прилепување и го продолжува интервалот на средството за подмачкување. Обезбедува многу широк спектар на примена без набабрување на средството за заптивање. Ова средство не содржи ацетон, AOX и силикон.
Пур пена пиштолска PERFECT 750 ml
Се користи при монтажа на прозорци и врати, пополнување на разни видови на споеви, пополнување на отвори и пукнатини, изолирање на електрични приклучоци и водоводни цевки, исто така и за топлотна и звучна изолација. Компатибилна е со поголем број материјали, како што се дрво, гипс, метал, PVC, итн.
- Одлична адхезија и способност за пополнување, со висока термичка и акустична изолација.
- Економична потрошувачка благодарение на прецизното нанесување.
- Принос до 45 литри, во зависност од температурата и влажноста.
- Соодветствува на противпожарната класа B3 според DIN 4102-1.
- Отпорна на мувла, водоотпорна и може да се бојадисува.
- Отпорност на вода, топлина и ниски температури, различни видови на хемикалии.
- Топлинска спроводливост: 0,036 W/m·K (при 20°C) (DIN 52612)
- Јачина на притисок: 0,03 MPa (DIN 53421)
Контакт спреј SW, 200 ml
Пиштол за картуши - Robust
- За погусти лепила и заптивни маси
- Однос притисок: 12:1 | Пoттисна сила: 1800 N
Сув подмачкувач со додаток PTFE, 300 ml
MS FIX RAPID
Пена за детекција на истек. на гас ПЛУС, 400ml
Пена за откривање на протекување за безбедно и брзо идентификување на незадихтувани области и микро-протекувања.
Област на примена
Погодно за сите технички и медицински гасови во опрема за компримиран воздух, опрема за компримиран гас, клима уреди, компресори, уреди за заварување, системи за воздушно сопирање, гуми, црева и транспортни резервоари. За гасови под притисок како што се азот, пропан, бутан, градски гас, ацетилен, јаглерод диоксид, аргон, воздух итн.
Инструкции
Прскајте ги деловите под притисок од растојание од приближно 40 см. Секое истекување се покажува со формирање меурчиња од пена. Доколку се сомневате на микро-истекување, набљудувајте ја испрсканата површина некое време. Потоа исплакнете ги деловите со вода.
HHS 200, 400ml
Чистач на ПВЦ површини Тип 20, 1l
Средството за чистење на тврд ПВЦ без растворувачи чисти лесни површински нечистотии како што се прашина, масни траги, остатоци од лепак од заштитни фолии. Отстранува електростатичко полнење со помош на антистатика афинол.
WLG 120, Универзална литиумска маст
Повеќенаменска - универзална литиумска маст.
Примена:
- За индустриски машини, комерцијални возила, градежни машини,
- Опрема која работи под нормално оптоварување,
- За подмачкување на лизгачки и тркалачки лежишта,
Температура на нанесување: -30°C до +120°C
HHS 2000, Extreme HI Pressure, подмачкувач 500ml
Леплив подмачкувач во спреј претставува повеќенаменско, полусинтетичко масло за подмачкување отпорно на висок притисок.Поседува добра капиларност и подмачкува тешко достапни места кои истотака ги штити од корозија.Благодарејќи на добрата прилагодливост не доаѓа до исфрлање на маслото од ротирачките површини.Не оштетува пластични маси и е неутрален на лакирани подлоги.Ова средство е одпорно на солена вода,слаби киселини и бази. Има жолта боја и не содржи силикон, смоли и киселини.
K+D Power
Моќно, еластично хибридно лепило наменето за структурни лепења на елементи кои може да бидат изложени и на динамички оптоварувања. Може да се лепат споеви и шевови на каросерија од возила, делови од надградба на камиони, споеви на контејнери, железнички вагони, како и делови наменети за климатизација и вентилација. Поседува NSF сертификат за употреба во области поврзани со прехрамбената индустрија. УВ стабилен.