Рачен алат
Популарни артикли од категоријата Рачен алат
Прилагодлив клуч за цевки, REDLINE
Овој клуч нуди прилагодлива големина на отворање, што овозможува лесно и сигурно прицврстување на различни големини на цевки. Направен е од издржлив материјал, што го прави погоден за долготрајна и професионална употреба во различни работни услови.
Лaсерски мерач на далечина, WDM3-19
Рачен и многу лесен, прецизен мерач на растојание. WDM 3-19 е високопрецизен ласерски мерач на растојание со технички спецификации (точност ± 1,5 mm, опсег 100 m)
Дополнителни функции како ергономија, екстремно робусниот дизајн на куќиштето го прави WDM 3-19 особено лесен за употреба.
Голем осветлен екран Одлична читливост Заштита од физичко оштетување и дополнителна заштита на уредот.
Сет Wurth аголни одвртувачи со дијамантска превлака и топчеста глава, 1,5 - 10, 9 парч.
Zebra одвртувач за електроничари
Oдвртувач за фина механика, специјално дизајниран за прецизна работа со мали завртки. Има дебелина на сечивото од 0,25 мм, ширина од 1,2 мм и должина на сечивото од 40 мм. Рачката е долга 100 мм, што овозможува лесно и прецизно ракување при работа со мали компоненти.
Овој тип на одвртувачи се користи најчесто во прецизната механика, електроника и слични индустрии каде што е потребна висока прецизност.
Клешта за електроника 120mm
Електроничарските клешти се специјализиран рачен алат дизајниран за прецизно сечење и обликување на тенки жици и компоненти во електрониката. Тие се неопходни за електроничари и техничари кои работат со деликатни електронски уреди.
Карактеристики:
Прецизност: Остри и фино брусени сечила овозможуваат точно сечење на жици со мали дијаметри, до 0,2 мм.
Квалитетен материјал: Изработени од висококвалитетен челик, како што е инокс челик за алати, обезбедувајќи долготрајност и отпорност на корозија.
Ергономски дизајн: Рачките се дизајнирани за удобен и сигурен стисок, често со електрично дисипативни својства за заштита од статички електрицитет.
Механизам за отворање: Вградената пружина за автоматско отворање и стоп за отворање овозможуваат лесна и континуирана работа без замор.
Примена:
Електроника: Прецизно сечење и обликување на жици и компоненти при монтажа или поправка на електронски уреди.
Микромеханика: Работа со мали и деликатни делови каде што е потребна висока точност.
Сет окасто-вилушкаст Zebra во неопрен ОК6-34-27 п.
- Компатибилно со сите производи од ORSY системот
- Унифицирана мрежеста димензија
- Привлечен карбон изглед
- Влошка изработена од висококвалитетна пластика со карбон финиш за поголема издржливост, стабилност и лесно чистење.
- Брзо и едноставно пронаоѓање на алатите
- Големините на алатите се јасно означени на влошката.
Гумен чекан
Гумените чекани се идеални за прецизно работење каде што е потребна сила без оштетување на материјалот. Тие се изработени од издржлив гумиран материјал кој овозможува амортизација на ударот, обезбедувајќи заштита на деловите со кои се работи. Погодни се за употреба во градежништво, монтажа, поставување плочки, како и за фино подесување на разни материјали. Ергономската рачка обезбедува удобност и стабилност при користење.
Момент клуч 1/2', 20-100 Nm
Карактеристики:
Прецизност: Толеранција од ±3% од зададената вредност на скалата.
Рачка: Непрсклива двокомпонентна рачка за сигурен стисок.
Скала: Голема, лесно читлива двојна скала во Nm и lbf-ft.
Прилагодување: Лесно и прецизно подесување на вртежниот момент преку вртење на рачката.
Заклучување: Едноставно отклучување и сигурно фиксирање на поставените вредности со помош на копче за заклучување.
Сигнализација: Јасен акустичен и тактилен сигнал при достигнување на зададениот вртежен момент за прецизно затегнување.
Трещотка: Висококвалитетна трещотка за употреба во ограничен простор.
Red Stripe L Торх одвртувач
Главата во форма на ѕвезда го прави многу посигурен од вообичаените одвртувачи и овозможува поголем пренос на вртежниот момент така што завртките и шрафовите може да се затегнат посигурно. Има широка примена во различни сектори, како што се автомобилскиот сектор, секторот за мебел и разни индустриски гранки. Совршен спој на достапност и сигурност.
Сет ZEBRA Т одвртувачи 2C 6аг. 5пар
Овие одвртувачи имаат асиметрична двокомпонентна рачка која обезбедува подобра ергономија и пренос на силите при одвртување. Површината е мат хромирана, што обезбедува заштита од корозија и долготрајност. Овој сет е идеален за професионална употреба, обезбедувајќи прецизност и удобност при работа.
Работилничка Количка MONZA Limited Edition
Цврста робусна конструкција изработена од челичен лим.
• Надворешни димензии вклучувајќи ги и рачката и тркалата: 760 x 470 x 980 mm
• Капацитет 7 фиоки
• Фиоки со меко затворање
• Димензиите на фиоката се погодни за асортиман на алати во пена (неопрен)
• Робусни и ергономски странични рачки
• Тркала изработени од гума која не остава траги со две кочници за поголема безбедност
• Достапно со горна работна површина изработена од инокс и многу дополнителни отвори за чување додатоци
• Широк асортиман на додатоци
• Странични ѕидови со квадратна перфорација за додатоци од опсегот на перфорирани плочи
• Централно заклучување со цилиндрична брава
• Отклучувањето со една рака
Шублер со завртка 0-150mm, 0.05mm
Лизгачки шублер со завртка, 0-150 мм, 0.05 мм, за мерење на надворешни, внатрешни пречници и длабочина.
Изработен од не'рѓосувачки челик, согласно со DIN 862 стандардот.
Завртка за заклучување за стабилно читање. Ознаките и броевите на скалата се ласерски врежани, јасни и лесно читливи.
ABS заштитна кутија овозможува лесно складирање и спречува физички оштетувања.
Red Stripe Сет Окасто виљушкаст клуч 8-19,8 ком
Цврст дизајн кој се состои од зајакната челична конструкција, обезбедува отпорност во отежнати примени кога е потребен поголем вртежен момент. Комбинацијата од различни дизајни (прстенест и вилушкаст) на краевите нуди универзална опсежна примена, исполнувајќи ги најригорозните потреби при извршување на задачи за одржување и склопување во автомобилскиот сектор, индустријата и градежништвото.
ZEBRA T-одвртувач, топчест имбус прифат, 10X235
ZEBRA T-одвртувач, топчест имбус прифат, 10 x 235 mm.
Бит 1/4, PH3, црвен, L50mm
Овој бит е дизајниран за употреба со рачни и машински алати, обезбедувајќи сигурно и ефикасно завртување и одвртување на завртки со PH1 профил.
Изработен е од висококвалитетен материјал, што гарантира долг работен век и отпорност на абење.
Погоден е за различни апликации во индустријата и занаетчиството.
Бит PZ3 торзионен L25mm
Торзионната зона овозможува апсорпција на удари и намалување на оптоварувањето, што резултира со подолг работен век на битот. Изработен е од висококвалитетен челик, што гарантира долг работен век и отпорност на абење. Погоден е за различни апликации во индустријата и занаетчиството.
Сет Zebra Т - имбус клучеви со 6-аголен /топчест прифат, во неопрен 6 парч.
ZEBRA сет имбус одвртувачи со топчеста глава и T-рачка. Распон на прифат 2,5-8mm.