Градежна и техничка хемија
Популарни артикли од категоријата Градежна и техничка хемија
Цинк 300 паста, 500ml
Цинк спреј светол, 400 ml
Светлиот цинк спреј обезбедува долготрајна заштита, репарација на металните површини и дава многу добра антикорозивна заштита, како и оптичко подобрување, репарација и заштита на металните површини од корозија. Многу добро се прилепува директно на метал и има добри особини при точкасто заварување. Металот е активно заштитен дури и кај помали оштетувања. Светлиот цинк спреј задоволува повеќе од 100 часови прскање со солена вода според (DIN50021 SS) стандардот.
Чистач за кочници PLUS, 750ml
Посебно формулиран за тешко чистење и одмастување на поголем дел од површините на сопирачки, спојки, карбуратори и други делови од моторот, лесно и темелно.
- Специјална формулација за длабинско продирање во тврдокорна маснотија и нечистотии
- Раствора тврдокорна нечистотија предизвикана од течност за сопирачки, масло или абење на плочките
- Испарува без да остави остатоци
- Одмастува и штити од абење
- Вентилот овозможува прскање во 360° (сите позиции)
- Компатибилен со најчести метални површини
- Полнет со незапалив гас под притисок
Чистач за кочници плус, 500ml
Спрејот одмастувач плус со својата специјална формула темелно и лесно отстранува потешки нечистотии и ги одмастува деловите од сопирачките, спојките, карбураторот и други делови од моторот.
Чистач за ладилник, 250 ml
Würth Radiator Cleaner е средство за чистење на радијатори со волумен од 250 ml, специјално формулирано за ефикасно отстранување на корозија и наслаги од кал во системот за ладење на моторот. Овој производ ги неутрализира остатоците од варовник и ги отстранува маслените и мрсни наслаги, обезбедувајќи зголемена оперативна сигурност преку чист систем за ладење. Погоден е за сите типови мотори и е компатибилен со антифриз. Се препорачува употреба на 250 ml средство за 10 литри ладилна течност.
Чистач за пур пена, Purlogic, 500ml
Многу ефикасно средство за едноставно и брзо отстранување на свежата пур пена. Шишето е прилагодено да ги чисти сите типови на стандардни пиштоли за нанесување чиста пена.
Чистач и одмастувач за кочници 5 l.
Универзалниот одмастувач се користи за чистење и одмастување, брзо испарува и има одличен ефект на чистење.
Овозможува одлична подготовка на површината пред лепење, запечатување, нанесување на течен метал, како и нанесување на лубрикант.
Чистач на K+D лепак
K + D отстранувачот се користи за отстранување на нестврднати хибридни лепила и заптивачи на алати, како и на валкани непорозни површини.
Чистач на кочници
Универзалниот одмастувач служи за чистење и одмастување, брзо испира и има одличен ефект на чистење. Универзалниот одмастувач е многу компатибилен со лакови, пластика, лепила и гума. Брзо и ефикасно чисти саѓи, маст, прашина на сопирачки и остатоци од масло. Претставува одлична подготовка пред лепење и заптивање, чисти без остатоци и не содржи ацетон, AOX и силикон.
Чистач на ПВЦ површини Тип 20, 1l
Средството за чистење на тврд ПВЦ без растворувачи чисти лесни површински нечистотии како што се прашина, масни траги, остатоци од лепак од заштитни фолии. Отстранува електростатичко полнење со помош на антистатика афинол.
Чистач на прохромски површини
Специјална течност за чистење на метални површини.
За површини од нерѓочкувачки челик, хром, месинг,елоксирани и емајлирани метални површини како и за лесни и обоени метали на возила, чамци, во техниката, домаќинствата и во погоните за преработка на храна.