Заштита од корозија
Популарни артикли од категоријата Заштита од корозија
Цинк спреј светол, 400 ml
0893114
Светлиот цинк спреј обезбедува долготрајна заштита, репарација на металните површини и дава многу добра антикорозивна заштита, како и оптичко подобрување, репарација и заштита на металните површини од корозија. Многу добро се прилепува директно на метал и има добри особини при точкасто заварување. Металот е активно заштитен дури и кај помали оштетувања. Светлиот цинк спреј задоволува повеќе од 100 часови прскање со солена вода според (DIN50021 SS) стандардот.
Цинк 300 паста, 500ml
0892200
Пастата цинк 300 пружа долготрајна заштита од корозија и атмосферски влијанија. Оваа паста е отпорна на температури до 300 степени, на обработените површини им дава топол поцинкуван изглед. Пастата се користи во металоградба, бродоградба, ковачници, браварии, автоиндустрија, за заштита на челични конструкции. Со нанесување на оваа паста во 2-3 слоја се добива заштитен слој со дебелина според DIN50976 стандардот. После 15 минути од нанесувањето, пастата е сува на допир, а целосно се суши после 2-3 дена.
Боја во спреј,400ml
Акрилна боја во спреј , одлично прилега и ги прекрива површините на кои се нанесува. Наменета е за надворешна и внатрешна употреба, едноставно и брзо се нанесува со минимална загуба на материјал. Бојата брзо се суши оставајќи мазен и долготраен завршен слој. Оваа боја се применува за изработка на завршниот слој на дрво, челик, железо, алуминиумски легури , галванизиран челик, стакло, керамика ,ABS пластика, а истотака се користи и за декорација, поправки на изгледот и заштита на оштетените површини.Овој спреј има црна мат (ral9015) боја .
Заштита за подвозје на возила, црно, 1000ml.
0892075200
Создава заштитен слој на гумена основа, над кој може да се нанесе слој боја и спрејот во себе содржи растворувачи.
Заштита од корозија
Неодамна Видени Производи